Масната кожа излачува прекумерна количина мрснотии, кои помагаат за задржување на влагата во кожата. Ваквата кожа често останува затната од валканици и слични нешта, па тоа доведува до појава на митисери, акни и темни дамки. Сите мислат дека на вашата кожа и е потребна хидратантна крема. Вистина дека на секоја кожа и треба навлажнувач, но не е вистина дека на секој тип на кожа и треба дополнителен навлажнувач. Масната кожа може да се опише како помалку и многу масна. Помалку масната кожа е нормална, без нанесување хидратантни креми, посебно во лето, но е сува во зима. Понекогаш тоа резултира со мозолчиња. Оваа кожа може да биде резултат на проблеми со хидратацијата. За овој тип на кожа многу погрешно се верува дека се менува со годишната доба. Многу масната кожа никогаш не станува сува. Масна е во текот на летото, масна е во текот на зимата. Овој тип на кожа не смее никогаш да употребува хидратантни креми. Порите и се често големи и многу видливи. И на двата типови потребна им е посебна нега, посебно во летниот период.

1. Правилно миење

Потребно е да внимавате со геловите за миење лице – не е препорачливо често да се менуваат, посебно за време на топло време, бидејќи постои веројатност да и наштетите на кожата. Ако веќе ги менувате, бирајте ги оние со 6% салицилна киселина, затоа што така ќе добиете одлично средство кое ги чисти порите, а не ја суши кожата.

2. Заштита од сонце

Здравата доза заштитни креми или лосиони помагаат при контролирање на мрсењето и сјајот. Прескокнете ја утринската хидратантна крема и нанесете заштитна крема или лосион која се базира на минерали (таа содржи цинк или титаниум диоксид, кои ги апсорбираат мастите) или денатирисан алкохол, од кој кожата добива мат изглед.

3. Пудра

За време на топло време, пудрата се топи и ги затвора порите, поради што тие почнуваат да ,,произведуваат,, повеќе масти. Токму поради тоа се препорачува да се користи тонирана крема со силикон, која создава обвивка на кожата, која ја држи шминката на место каде што таа и треба да биде. Може да се користи и минерална пудра во прав, која како сунѓер ја впива мрснотијата.

4. Исхрана

Коктелите и зачинетата храна не му годат на организмот – тие влијаат врз ширењето на крвните садови, поради што доаѓа до поголемо потење. Ограничете се на еден пијалок во текот на летните ноќи, а зачинета храна јадете еднаш неделно. Наместо тоа, попаметно е да јадете морков, диња и спанаќ – намирници кои се богати со витамин А и кои го забавуваат ,,производството,, на масти на вашата кожа.

 

5. Станете фацијалист

Потребно е дома да направите лесен третман на чистење на лицето, кој се состои од:

Пилинг еднаш неделно се препорачува да се прави пилинг на лицето.

Маска по пилингот, нанесете на лицето и маска, и тоа по можност онаа која содржи глина или салицилна киселина и двете привремено го намалуваат производството на масти во кожата.

6. Ноќна нега

Без разлика која формула ја користите (крема, лосион или хидратантен серум), важно е да се уверите дека таа содржи салицилна или гликолна киселина, кои го намалуваат лачењето на масти, кофеин, кој ги смалува порите и никотинамид, кој има антивоспалително дејство. Притоа, внимавајте каде ги нанесувате, бидејќи не се препорачливо да се нанесуваат на носот, затоа што на него се наоѓаат доволно лојни жлезди.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина