Било да имате мали, големи, затегнати или опуштени, градите со тек на годините можат во голема мерка да го променат обикот, па и самата големина.

 

Доктор Дирк Кремер од клиниката Harley Street Aesthetics од Велика Британија, открил дека на опуштањето на градите најмногу влијаат генетиката и стареењето.

 

Како старееме, нашата кожа ја губи еластичноста и сјајот, па гравитацијата си ја завршува својата работа – градите паѓаат надолу – истакнува Кремер.

 

Но, не се годините нашиот единствен непријател, туку и бременоста, прекумерната дебелина, наглото губење килограми и други фактори кои можат да влијаат врз нивното опуштање. Исто така, постојат и одредени лоши навики кои голем број жени ги прават секојдневно, а доктор Кремер издвојува шест најлоши:

 

 

Спиење на стомак

Иако на многумина ова им е најудобната поза за спиење, доктор Креме тврди дека е всушност најлошата за градите, бидејќи тие со часови се притиснати на душекот.
исто така, за градите не е добро да спиете ниту на страна, бидејќи оваа положба предизвикува истегнување на лигаментите на градите – подеднакво ако спиете со перница под градите, која служи како поддршка. Најдобро е да спиете на грб.

2. Вежби со висок интензитет

Кога станува збор за вежбањето, доктор Кремер признава дека многумина имаат поделени мислења. Некои стручњаци тврдат дека движењата на градите, како на пример при трчање, можат да предизвикаат загуба на колагенот на градите. Без разлика кои вежби ги правите, важно е да носите опрема со добар квалитет, посебно спортски градник

 

Не го вадите градникот

Дали цело време носите градник или не, е прашање за кое со години се расправа. Доктор Кремер вели дека според студиите на француските научници, поддршката на градникот всушност ги слабее мускулите на градите, влијаејќи на тоа тие да паѓаат.

Од друга страна, тој смета дека носењето градник може да го спречи опуштањето кое настанува со годините. Најдобро е да се носи цело време, а секојпат кога имате можност да го извадите, да го направите тоа.

 

 

Прескокнувате да ставите крема за сончање

 

Изложеноста на УВ-зраците без заштитна крема за сончање може да доведе до создавање брчки и имаист ефект врз градите – губење на колагенот и оштетување на кожата.

 

Промени во телесната тежина

Наглото дебелеење или слабеење е лошо за целокупниот ирганизам, па подеднакво и за градите. Секој пат кога добивате или губите килограми, ткивото на градите станува се послабо, а со тек на време тие стануваат се поопуштени.

 

 

Пушење

Исто така една од лошите навики која влијае врз целокупното здравје влијае и врз градите. Секоја цигара влијае врз стареењето, така што го намалува снабдувањето со крв на површината на кожата.

 

 

Тагови: градижени
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина