Забавениот метаболизам значи дека телото не може доволно ефикасно храната која ја внесуваме да ја претвори во енергија.

 

Следниве 6 симптоми можат да алармираат на разни здравствени тегоби, па така и на тоа дека метаболизмот не ви работи добро, посебно ако ве измачува неколку од нив одеднаш.

 

Ако сте уморни

 

Многу причини можат да бидат причина за замор, вклучувајќи ги воочливите фактори како што се недостиг на сон и жестока вежба. Меѓутоа, ако сте често многу уморни, тоа може да укаже и на забавен метаболизам, бидејќи телото не може доволно брзо храната која ја изедете да ја претвори во енергија.

 

Кожата и косата одеднаш ви станале суви

 

Кога метаболизмот не работи добро, телото не може доволно брзо да ги обновува клетките важни за здравјето на кожата и косата, кои стануваат суви. Сувоста на кожата и косата можат да укажуваат и на многу други нешта, на пример лоша исхрана.

 

Копнеете за слатка храна и храна богата со скроб

 

Копнежот за одреден вид храна често укажува на тоа дека на телото му е потребна енергија. Ако добро се храните и доволно спиете, но и понатау чувствувате голема потреба за слатка храна и храна богата со скроб, тоа може да значи дека метаболизмот храната која веќе сте ја изеле не ја преработува добро во енергијата која му е потребна на вашето тело.

 

Се дебелеете, иако се храните здраво

 

Природно е со текот на годините метаболизмот да забави поради што е потешко да се оддржува здрава телесна тежина, но ако се храните здраво и внимавате на внесените калории, а и понатаму се дебелеете, најверојатно се работи за забавен метаболизам.

 

Постојано ви студи

 

Метаболизмот исто така го снабдува телото со топлина, па ако тој работи забавено, последиците ќе бидат постојано чувство на студ. Тоа посебно ќе го почувствувате навечер, кога ќе се покривате во кревет со неколку слоеви за да се загреете. Пробајте го трикот со туширање од 90 секудни, кој го забрзува метаболизмот и поттикнува слабеење.

 

Расположението постојано ви се менува

 

Постојано чувство на исцрпеност, бидејќи организмот ви се ,,измачува,, за да ја преработи храната. Тоа може да резултира со тоа што ќе станете раздразливи, а расположението постојано ќе ви се менува.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина