Кожата и ткивото на градите се тенки, нежни и чувствителни, поради што треба со внимание да ги третираме градите. Градите се менуваат со годините, исто како и остатокот од телото. Промените се сосема нормални и очекувани. За да не се случи да се чудите кога ќе забележите промени и да стравувате без потреба дека нешто не е во ред, погледнете кои грешки никогаш не смеат да се направат кога станува збор за овој нежен дел од телото

1. Зацврстување на градите со ленти

Ким Кардашијан има откриено дека кога носи фустани под кои нема градник, градите ги ,,држи на место,, со помош на лепливи ленти, дури и со оние поагресивните, како што се изолир лентите. Меѓутоа, овој трик во никој случај не смеете да го испробувате на сопствена кожа, затоа што таа може лошо да реагира на таквиот материјал и да доведе до осип, посебно околу брадавиците, кои се посебно чувствителни. Постои опасност и за развивање на алергија на состојките кои се содржат во овие ленти и до појава на егзем.

2.Полнење на градите со ботокс

Во естетската хиургија се појави трендот на вбризгување ботокс во мускулите на градите, со ветување дека овој зафат ќе ги подигне. Зафатот делува така што се парализираат пекторалните мускули, а мускулите на грбот ја преземаат нивната функција, подигнувајќи ги градите. Но, Американското здружение на пластични хирурзи предупредува дека ваквиот зафат е измама, бидејќи истражувањата покажуваат дека не делува. А, не делува затоа што не ја подига обесената кожа, која е главната причина зошто градите се обесуваат. Стручњаците предупредуваат и на можната штетност од вбизување филери во градите, кои инаку се вбризгуваат во лицето, затоа што нема доволно податоци дека таквата пракса е безбедна по здравјето.

3. Депилирање на влакненцата околу брадавиците со восок

Влакненцата околу брадавиците не смеат никогаш да се отстрануваат со восок, бидејќи ваквиот третман е преагресивен за нежната и тенка кожа на градите. Освен што ваквата депилација може да доведе до враснати влакненца и иритација, може да резултира и со болни изгореници. Не се препорачува ниту електролизата, затоа што потоа можат да останат грди лузни. Најдобро е влакненцата да се остранат привремено со пинцета, а доколку имате многу влакненца, најдобра опција е ласерското отстранување на влакна.

4. Трчање со несоодветен градник

Проблемот е во тоа што градникот кој е, на пример, соодветен за вежбање јога, не им дава на градите доволна поткрепа при трчање. Носењето на несоодветен градник за време на трчање може да доведе до слабеење на сврзното ткиво и на крајот до надвиснати гради. Затоа најдобриот модел за трчање ќе биде токму оној кој е наменет за трчање, со цврсти и одделени корпи.

5. Ставање обетки на брадавиците

Ставањето пирсинг на брадавиците може да предизвика појава на гнојни чиреви, покажуваат неодамнешните истражувања. И дупчењето на брадавиците исто така може да ги оштети млечните канали, што може да биде проблематично при доењето во иднина. Покрај тоа, некои жени се алергични на металот кој се користи за пирсинг, што може да доведе до силен осип.

6. Погрешно одбирање големина на градник

Околу 80% од жените носат погрешна големина на градник, покажуваат бројни студии. Најчеста грешка при одбирањето на големината е големина на корпата, поради што градникот се подига преку градите или стои превисоко на грбот. Стручњаците сметаат дека е подобро да не се носи градник кој е со несоодветна големина, истовремено препорачувајќи да не се носи подолго од 12 часа.

 

 

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина