5 знаци кои укажуваат дека надуеноста е сериозен здравствен проблем
Надуеноста во стомакот најчесто не измачува поради храната која сме ја изеле, но ако е проследена од следниве симптоми, тогаш може да се работи за здравствен проблем од посериозна природа.
Грчеви во стомакот
Најчесто и ги припишуваме на менструацијата или ги доживуваме исклучиво како реакција на некоја намирница која сме ја изеле, но доколку грчевите се чести или секојдневни, треба да појдете на доктор за да утврдите што е причината за овој проблем. Обратете внимание и на намирниците кои ги консумирате, односно обидете се да следите кои од нив предизвикуваат грчеви, бидејќи тоа може да значи дека сте алергични на одредена намирница.
Болка во карлицата
Многу жени не знаат како комбинацијата од надуеност и болки во карлицата може да биде знак за проблеми со јајчниците. Кај полицистичните јајчници покрај болка во карлицата и надуеност може да се појави и нагло дебелеење во пределот на стомакот. Тоа се случува поради тоа што кај повеќето жени кои имаат полицистични јајчници масното ткиво се таложи во пределот на стомакот.
Губење тежина
Надуеноста проследена со необјасниво губење на килограмите честопати упатува на гастроентеролошки здравствени проблеми. Проблемот може да биде и интолеранцијата на глутен, супстанција која е составен дел од житарките, како што се пченицата, ржот и зобот, а го има во многу прехранбени производи.
Вагинален секрет со непријатна миризба
Чудниот вагинален секрет е секогаш знак дека е време да се посети гинеколог, а ако се јавува во комбинација со надуеност, проблемот може да биде и полово пренослива болест. Одговорното сексуално однесување и користењето кондом понекогаш не може да го спречи развојот на некоја полова болест.
Крв во столицата
Никогаш не смеете да ја игнорирате појавата на крв во столицата. Таа може да биде знак за многу посериозни здравствени проблеми, како хемороиди, чир на желудникот, синдром на иритабилен колон (нервозен желудник) или Кронова болест.