5 видови на стомак
Џејмс Дуиган, тренер на Ел Макферсон и на Рози Хантингтон-Витли, ги открил некои од причините за несаканото растење на сантиметрите околу половината. Еве кои се тие и какви се видови стомаци постојат.
ЉУБОВНИ РАЧКИ
Главни карактеристики
Перничиња на колковите.
Причини
Седечки начин на живот.
Сладокусци сте.
Прекумерно консумирање алкохол.
Многу шеќери и преработени јагленохидрати (колачи и бел леб) iили скробни јагленохидрати (тестенини и ориз) во вашата исхрана.
Што да се преземе?
Пијте помалку алкохол.
Рамислете за својата исхрана. Одбегнувајте диетални прехранбени производи и храна со низок уддел на масти. Одлучете се за јајца, немасно месо и зеленчук, како и за добри масти, како авокадо, јаткасти плодови и риба. Пронајдете време за вежбање.
СТОМАК ОД СТРЕС
Главни карактеристики
Мастите се сконцентрирани околу папокот, а стомакот е тврд.
Причини
Хроничен стрес (високо ниво на кортизол).
Често прескокнување на оброците.
Премногу кафе.
Синдром на иритабилни црева.
Нездрава храна (солени ореви, компир и т.н.).
Што да се преземе?
Легнувајте си порано. Поради стрес можете да спиете малку или слабо, што го нарушува производството на лептинот, хормонот кој помага во регулирање на апетитот и метаболизмот. Опуштете се пред спиење. Вежбите за дишење, долгите бањи или медитацијата значително помагаат. Ограничете го ноќното пиење на кафе и не го исцрпувајте телото со вежбање. Вишокот кардио тренинг само ќе го зголеми нивото на кортизолот. Одберете јога, долги прошетки, а дури и теретаната може да селува смирувачки, само немојт еда претерувате. Вклучете го магнезиумот во исхраната. Тој е релаксирачки,, минерал кој го има во темнозелениот зеленчук и во орасите и пченицата.
СПУШТЕН СТОМАК
Главни карактеристики
Витки сте, но долниот дел од стомакот е испапчен.
Причини
Неодамнешно породување.
Монотоно и претерано вежбање во теретана.
Еднолична исхрана.
Закривен рбет.
Што да се преземе?
Здраво хранење и многу влакна. Зелен лисјест зеленчук, леб од цело зрно и други се извори на влакна. Откажете се од чучнувањата. Сигурно те ги правеле неправилно. Заменете ги со вежбата штица (plank). Немојте прекумерно да е оптоварувате со којб ило дел од вашето тело. Пробајте кружен тренинг – така ќе работите на сите групи н мускули.
МАЈЧИНСКИ СТОМАК
Главни карактеристики
По породувањето, стомакот и понатаму изгледа како се уште да сте бремени.
Причини
Премалку имање време за себе. Матката се спушта по породувањето, а постигнувањето резултати станува потешко одошто пред бременоста. Сте почнале прерано да вежбате. Подобро е да причекате два до три месеци по породувањето, пред да почнете да вежбате. Слаби мускули на матката.
Што да се преземе?
Вклучете го рибиното масло во исхраната. Обидете се секој ден да јадете здрави масти: ореви, растително масло и маслинки. Тие помагаат да се изборите со заморот, што е уште еден бонус за новите мајки.
Правете ги Кегеловите вежби. Делуваат како природен корсет за целото тело. Напнете и опуштете ги мускулите на матката 15-20 пати, и повторувајте ја оваа вежба 5 пати дневно.
Стомачно дишење. Ова е навистина многу здрава навика која ќе ви ги тонира мускулите без прекумерно оптоварување. Откажете се од чучнувања и од стомачни. Овие две се најлоѓи вежби по породувањето.
НАДУЕН СТОМАК
Главни карактеристики
Стомакот е рамен наутро, но расте во текот на денот.
Причини
Алергија на храна.
Мрзливи црева.
Неизбалансираност на цревната флора.
Што да се преземе?
Исфрлете ја од исхраната онаа храна која би можела да ви пречи. Најчесто е то глутенот (леб, тестенини, слатки), алкохол, квасец (колчи, пиво) и преработени млечни производи (сирење, млеко, путер). Одлучете се за диета која е богата со свеж зеленчук, месо, пилешко и риба. Обидете се да го избегнувате лебот и колачите две недели и проверете дали ќе ви се намали стомакот. Немојте да го прескокнувате појадокот. Не јадете навечер. Добро џвакајте ја храната и пијте многу вода. Отокот може да биде причина и од еизбалансираност на цревната флора.