Конзервираната храна дошла на глас како невкусна и нездрава, бидејќи на секоја намирница и се продолжува векот на траење со додавање адитиви со сомнително потекло. Но, тоа не е случај со сите видови конзервирана храна. Еве во кои лименки може да се ужива без грижа на совеста

1. Грав

Ако немате време за подготовка на грав, немојт да чувствувате грижа на совеста. Купете грав во конзерва, добро исцедете ја солената вода во која стоел и внимателно измијте го и искористете го за да подготвите супи, варива, намази и слично. Гравот е одлична намирница, бидејќи е богат со прехранбени влакна и протеини.

2.Дива риба

Конзервираната сардина и туна се одличен додаток во многу салати. Секојпат кога можете бирајте конзерви со риба уловена на отворено море, затоа што оние кои се мрестени хранети се со вештачка храна и третирани се со антибиотици.

3. Пелати

Доматите се база на секој црвен сос и супи. Ако немате свежи домати, послужете се со конзервирани пелати. Бирајте цели домати наместо оние сецкани, бидејќи даваат безброј кулинарски комбинации.

4. Кокосово млеко

Ако уживате во зимските вкусови, кокосовото млеко е неизбежна намирница во подготовката на овој вид храна. Се додава во кари, но и во печени кекси и смути. Бирајте конзерви кои имаат што помалку адитиви во себе.

5. Артичоки

За чистење на цели аричоки потребно е многу време и умешност. Освен тоа, се работи за многу скап зеленчук од кој се користи многу мал дел. Срцето на артичоките е богато со влакна и пребиотици, па се сметаат поради тоа за одличен додаток за салати и јадења од тестенини. Кога ќе ви затребаат, послужете се со оние од конзерва.

Совет плус:

Внатрешната страна на голем број конзерви го содржат хемиското соединение бисфенол (BPA), кое е поврзано со проблеми со метаболизмот, хормонални нарушувања, дијабетес тип 2, срцеви болести и слично. Ако сакате да одбегнете ризик, бирајте конзерви без бисфенол-А, или барајте храна во заменски видови пакувања.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина