5 ужини кои дебелеат после тренинг
По напорното вежбање во теретана, мускулите треба да се нахранат и да се обноват залихите на енергија. Веројатно не сме секогаш во можност да подготвиме здрав оброк по тренинг, па најчесто бираме некоја ужина за кои мислиме дека е избалансирана. Но, многу производи само изгледаат здраво, а всушност содржат низа непожелни состојки и многу празни калории. Еве кои од нив најбрзо ќе ги вратат загубените калории
Смути
Индустриското смути има многу калории и немаат добар однос помеѓу јагленохидратите и протеините кои му се неопходни на телото за закрепнување по тренингот. Таквите смути содржат додаден шеќер, а што ја зголемува нивната калориска вредност. Подобро напијте се јогурт или овошен сок без додаден шеќер.
Авокадо
Авкадото има добар статус во светот на здравата храна, па како тогаш се има најдено на овој список? Со внесувањето на поголеми количини маснотии (со кои авокадото изобилува) по тренингот може да го забави закрепнувањето на телото. Имено, по напорот на телото најмногу му требаат протеини и јагленохидратите. Авокадото има многу маснотии и затоа е идеален избор за меѓуоброк, бидејќи ќе ве држи сити. Подобар избор е намаз од хумус или путер од кикиритки намачкан на стапчиња моркови или на парчиња круша.
Овошен јогурт
Овошниот јогурт не е добар избор, бидејќи таквиот јогурт содржи премногу шеќери. Подобро е да земете јаткасто овошје или сушено, кое на телото ќе му ја врати енергијата. Но, со сувото овошје треба да се внимава затоа што во себе содржи многу природни шеќери. Грчкиот јогурт содржи многу протеини, но овошниот јогурт содржи многу шеќери, дури некои и повеќе од крофните. Подобар избор е природниот грчки јогурт, во кој може да се додадат малку бадеми или свежо овошје.
Енергетски плочки
Многу од нив изгледаат само здраво, но содржат изобилство од шеќери. Најдобро е да се одбере она кое има околу 200 калории, помалку од 10 грама шеќер и кое содржи протеини.
Сендвич со мисиркино месо, туна или лосос
Иако на прв поглед можеби изгледа како лош избор, бидејќи содржи и јагленохидрати и протеини, ваквите сендвичи воглавно се од бел леб, кој никогаш не е добар избор. Затоа, подобро порачајте тортилји со парчиња месо и зеленчук, без тешки сосови.