Поради симптомите кои сличат на секојдневните тегоби, како што е надуеност, замор или болка во абдоменот, и на најискусните доктори може да им поминат незабележливи посериозните дијагнози.
Повеќе пати имаме слушнато како некој од нашата околина починал набрзо откако му ја откриле болеста. Симтомите биле речиси незабележливи и занемарливи, па повеќето болни не обраќале внимание на нив. Често и на докторите им се провлекува фактот дека се работи за сериозна болест. Овие пет болести можат да бидат фатални ако не се откријат на време. А овие се нивните симптоми кои треба да се препознаат.

 

1. Рак на јајчници

 

Овој рак е четврт по ред по зачестеност кај жените (по рак на дојката, дебелото црево и рак на белите дробови) и инциденцијата е се уште во пораст. Во Америка само ова болест ја погодува секоја 75 жена. Шансите таа да поживее пет години од појавата на болеста изнесува мали 46%, а овој процент може уште повеќе да се намали ако болеста не се дијагностицира на време.

Повеќето симптоми се ,,тивки,, и тешко воочливи, па правилната дијагноза може да им помогне на искусните доктори. Симптомите по правило се јавуваат дури во напреднатиот стадиум од болеста, како последица на присутноста на голема туморска маса или течност во стомачната шуплина.

Најчести симптоми се грчевити болки во абдоменот, кои траат подолго од два дена, мачнини, уринарна инонтиненција, притисок во карлицата, повраќање, вагинално крварење и чувство на надуеност. Најважно е жените да одат редовно на гинеколошки прегледи и тестирања, посебно по 50-та година од животот.

 

2. Срцеви болести

 

Иако ни се чини дека знаеме многу за инфарктот, некои знаци за болести на срцето можат да ни побегнат. Не се симптоми за инфарктот само болка во градите, потење и болка во раката. Меѓу оние први симптоми кои најавуваат посериозна состојба се кус здив, вртоглавица и замор. Ако во семејството имате историја на срцеви болести, имате поголем ризик да заболите од овие болести и треба да обратите поголемо внимание на сите овие промени.

 

3. Лупус

 

Лупус е хронична, автоимунолошка болест која може да го оштети кој било дел од телото – кожата, зглобовите и органите внатре во телото. Во основа, телото се напаѓа самото, своите органи, а често и мозокот, на истиот начин на кој би се борело против некоја болест. Лупусот е неизлечлив и можат да се третираат само неговите симптоми.

Многу тешко може да се дијагностицира, посебно затоа што симптомите се јавуваат спорадично. Црвен осип во облик на пеперутка на лицето, најчесто на носот или образите, болни и уморни зглобови, болно дишење, губење на косата, главоболки и болки во абдоменот се само некои од симптомите кои укажуваат на потенцијален лупус.

 

4. Дијабетес

 

Симптмите на дијабетес тип 2 можат да бидат многу подмолни и лесно можат да се заклучат како минливи тешкотии. Поради тоа може да се развијат и компликации. Во клиниката Мејо проценуваат дека само во САД живејат околу осум милиони луѓе со недијагностициран дијабетес. Симптоми на кои треба да се обрати внимение се незгаслива жед, зачестено мокрење, губење на тежината и замор.

 

5. Болест на моторниот неврон

 

Станува збор за невролошко нарушување, кога нервните клетки пропаѓаат до толкава мера, што се трајно оштетени. Во поодмината фаза пациентите ја губат сета мусукулна способност и умираат. Слабеење на мускулите, грчеви, назален говор и неразбирл говор се само некои од раните симптоми на оваа болест.

Тагови: болести
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина