Само што сте сте вратиле од трчање, испотени сте, малку зацрвенети одвај чакете да ја соблечете маицата – тоа е знак дека сте потрошиле многу калории. Или, сепак, не сте?

Потењето е плач на салотоможе да биде многу далеку од вистината, утврдиле истражувачите. Во стварноста, претераното потење може да биде резултат на разни нешта, како што се годините, полот, нивото на кондиција, бројот на потни жлезди, нашата ДНК или едноставно надворешната температура. Наместо да се потпираме на потењето, кое ни ,,покажува,, колку добро сме вежбале, треба да се следат следниве чекори, кои ќе ни покажат дали навистина ги вежбаме сите мускули или сепак не?

1. Слушајте го својот стомак

Ако сме гладни по вежбањето, значи дека се правиме како што треба. Веднаш и малку по тренингот, телото ги бара нутритиентите кои му се потребни. Тренинзите со вежби за сила или кардио вежбите воглавно трошат околу 200 калории и повеќе. Тука се троши многу енергија, после кои жените мора да ја ,,надополнат,, со оброк или смути. Во ред е да сме гладни. Тоа телото ни кажува дека напорно сме работеле и дека е време да ја надополниме енергијата. Само треба да го слушаме што ни бара.

2. Фокусирајте се на совршената форма

Потребно е концентрирање при правењето на совршени стомачни вежби, со цел да се зголеми потрошувачката на калории. Колку повеќе мускули имаме, толку подобар ќе ни биде метаболизмот за време и по тренингот. Вежбите чучнувања, склекови, стомачни и други вежби за сила не се наменети за да се испотиме, туку за да доздадеме добра форма и соодветно закрепнување – две нешта кои ги градат мускулите и гарантираат дека ќе се потрошат калории.

3. Водете сметка за јачината на вежбите

Ова е малку непријатно, затоа што мора да се има апарат кој ги мери отчукувањата на срцето. Но, следењето на работата на срцето за време на вежбањето може да ни помогне со варијациите на јачината на вежбите за најголемо согорување. Ако се движиме побавно, средно или брзо за време на кардио вежбите, тогаш сме целосно во игра, а калориите сами од себе се топат. Важно е да се обраќа внимание на тоа како се чувствуваме по вежбите. Ако се потиме, а мускулите воопшто не ни се уморни, тоа е знак дека не сме вежбале доволно. Претераното потење кај жените не е знак дека вежбите им биле ефикасни. Нашротив. Ова не значи дека мускулите треба да ни бидат во болки неколку денови, туку по добар тренинг треба да чувствуваме замор и слабост во нив.

5. Вежбите треба да варираат

Најдобар начин за забрзување на метаболизмот и согорување на повеќе калории? Мора да се внимава програмата на вежбање никогаш да не биде иста и постојано да имате предизвици. Вежбањето на една вежба со едно исто ЦД со вежби во текот на една недела нема да ни го подобри физичкиот изглед. Програма која се состои од повеќе разновидни типови вежби ќе го забрза метаболизмот и ќе доведе до побрзо постигнување на целта.

 

Тагови: тренинг
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина