Сигурни сме дека колку јајца и да сваривте, поделивте или пак се кршивте со нив за Велигден, сигурно многу и ќе ви останат. Немојте да ги фрлате, бидејќи варените јајца се клучни состојки во рецептите за многу вкусни јадења и специјалитети.

Пилешка салата

pileska salata

Потребни состојки : 170 g зелена салата, 100 g бело грозје, 300 g варено бело месо, 2 тврдо варени јајца
За преливот : 2 чаши јогурт , лажица сенф, половина лажица сув растителен зачин, 2 лажици мајонез
Начин на подготовка – Јогуртот , сенфот , сушениот растителен зачин и мајонезот добро измешајте ги. Измиените листови од зелената салата оставете ги во плиток сад. Одозгора ставете ги парчињата од исецканото пилешко месо и тврдо- варените јајца и посипете со преполовоните зрна грозје. На крајот, прелијте со однапред подготвениот сос и добро оладете ја салатата пред сервирањето.

Ница салата

Nica_salata

Потребни состојки : 1 варено јајце, 1 домат, 1 краставица, 1 пиперка, конзерва туна, неколку црни маслинки , 1 кромид , зелена салата, малку маслиново масло, сок од лимон, сол, бибер
Начин на подготовка – Јајцата и доматите исечете ги на парчиња, краставицата во коцкички, пиперката и кромидот во облик на прстени. Зелената салата исечете ја на парчиња во мали листови. Измешајте ги сиот зеленчук, па зачинете со маслиновото масло, сокот од лимон , сол и бибер и додадете ги маслинките.

Француска салата

ffrancuska salata

Потребни состојки : 300 g Рокфорт сирење, 2 јајца, 3 домати, 3 лажици грашак, 3 главици кромид , 4 лажици тартар сос, 4 лажици кисела павлака , сок од лимон и лажица јогурт.
Начин на подготовка – Сирењето и тврдо варените јајца исечете ги во коцки , ставете ги во сад и додадете ги сечканите домати, грашокот и кромидот. Помешајте го тартар сосот, павлаката, сокот од лимон и јогуртот и со нив прелијте ја салатата. Оставете еден час да отстои во фрижидер пред послужување.

Салата со варена шунка и јајца

salata so varena sunka i jajca

Потребни состојки : 3 варени јајца, 250 g варена шунка, 1 рендан морков, 100 g варени макарони, прелив од мајонез, павлака и сенф, сол, бибер

Начин на подготовка –Белките исечете ги во коцки, а жолчките испасирајте ги и помешајте ги со парчињата варена шунка. Додадете ги и варените тестенини, па сето ова зачинете го со преливот од мајонез, павлака и сенф, измешан по ваш вкус. Зачинете, исто така, по желба, со сол и бибер, па посипете го ренданиот морков, декорирајте со босилек или магдонос или пак прстенчиња од варени јајца.

Палачинки со фил од јајца

Потребни состојки :
За палачинките: 350 g варени компири, 150 g брашно, маст, сол
За филот : 4 тврдо варени јајца, 150 g варени компири, 160 g мајонез, 300 g варен мешан зеленчук, 70 g кромид, 30 мл оцет, павлака, чили сос, сол, бибер

Начин на подготовка –Прво направете ги палачинките од компир. Компирите сварете ги со лушпа(па потоа излуштете), испасирајте ги, помешајте ги со брашно, сол и да направете го тестото. Tестото поделете го на неколку делови, а секој од нив се развлечете го на подлога посипана со брашно. На тавче, испечете ги од двете страни. За подготовката на филот тврдо варените јајца и компирот исечете ги на мали парчиња и помешајте ги со ситно сецканиот кромид и варениот зеленчук. Помешајте го мајонезот со оцетот, а потоа со сецканите јајца и зеленчукот. Додадете сол и промешајте повторно. Пополнете ги палачинките, ставете ги во чинија и прелијте ги со чили сос и павлака.

Добар апетит!