Можеби ќе звучи чудно, но хемороидите се нормален составен дел од човековата анатомија. Постојат два вида хемороиди: интерни и екстерни.

 

Кај интерните, покрај иритација, доаѓа до крварење и пролапси, односно нивно ,,испаѓање,, од ректумот.

Екстерните, пак, хемороиди се оние на кои најчесто мислиме кога зборуваме за хемороиди. Тие настануваат под кожата околу анусот и кога нешто ќе тргне по зло со нив, доаѓа до многу болни отоци. Тогаш и обичното седење може да доведе до неиздржлива болка.

Овие пет причини можат да доведат до појава на хемороиди или нивни симптоми:

1. Предолго седите на тоалет

Можеби мислите дека седењето на ВЦ-шолја е исто што и седењето на стол, но апсолутно не е така, тврди ректалниот доктор Мичел Бернштин и додава дека додека седиме на ВЦ-шолја гравитацијата воопшто не ни е пријател.

  • Колку подолго седите на ВЦ-шолјата, толку повеќе крв се собира во вените околу ректумот, а благодарение на гравитацијата се создава се повеќе притисок. Тоа доведува до воспаление поради кое се појавуваат хемороиди – вели Бернштин.

Затоа, никогаш не седете на ВЦ-шолја подолго од 15 минути.

2. Предолго одложувате да извршите голема нужда


Една од функциите на дебелото црево е да ја остранува водата од фекалните материи. Ако ги почитувате сигналите од организмот и на време извршувате голема нужда, се ќе биде во ред. Ама ако чекате долго, дебелото црево ќе го извлече вишокот вода, па фекалните материи ќе бидат се посуви. Таквата ситуација, при празнење на цревата, доведува до оштетување на слузницата и ги прави вените поизложени и поранливи, а тоа се симптоми за појава на хемороидите.

3. Премногу напнувате при вршење голема нужда

Кога се обидувате сами да го ,,истерате,, изметот надвор тоа може да ги преоптовари вените до толкава мера, што може да дојде до нивно ошттеување и до крварење. А тоа, пак може да предизвика исфрлање на интерните хемороиди нанадвор.

 

4.Не внесувате доволно течности и влакна

Влакната внесени со исхраната придонесуваат за скратување на времето потребно за фекалните материи да патуваат низ дебелото црево. Водата, исто така, го забрзува процесот, правејќи ги цревата поеластични.

Идеален измет, со кој не би требало да има никакви проблеми, треба да бидат помеки и полесно да минуваат низ дебелото црево и ректумот.

Се што ве тера да мора да се напнувате при исфрлање на изметот, обично е знак дека не сте хидрирани колку што е потребно.

5. Вежбате со преголема брзина и премногу напорно

Ова е посебно забележливо кај оние кои не практикуваат вежбите да ги прават со постепена тежина.

 

  • Проблемот е наглиот притисок, додека правите чучнувања. Честопати луѓето кои многу вежбаат имаат проблеми со хемороидите – истакнува доктор Бернштин, кој советува прво да се прават полесни вежби, а потоа нивната тежина да се зголемува постепено.
Тагови: хемороиди
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина