Доколку и покрај тоа што напорно вежбате, не можете да добиете на тежина или да изградите мускули какви што посакувате, ви претставуваме 5 можни сценарија за тоа зошто ова се случува, можеби и вие ги правите овие грешки.

 

Причина  1 – Не знаете колку калории внесувате дневно

 

Скоро секој слабичок човек ќе ви каже: “Јадам многу.” Но, кога ќе го прашате да ви каже конкретно колку калории внесува дневно се случува нешто смешно.. … тишина. Овој “hardgainer” нема идеа колку калории внесува секој ден.

 

Решението? Во текот на една недела забележувајте во детали што јадете и пиете. Потоа, посетете некој од бројните сајтови на интернет кои пишуваат за исхраната и дознајте точно колку калории внесувате дневно. Ова е добра почетна точка. Така ќе бидете во можност да го прилагодите бројот на калории на приближно онолку колку што му е потребно на вашиот организам.

 

Преку следење на тоа што точно се случува во вашето тело, можете сигурно да знаете дали внесувате доволно храна. Големи се шансите дека ќе дознаете дека внесувате помалку калории дневно отколку што се очекувавте.

 

Причина 2 – Немате поим колку протеини внесувате дневно

 

Можеби понекогаш јадете порција пилешки гради, пиете протеин шејк или можеби два, а можеби дури и јадете по неколку јајца – но вистината е … немате поим колку грама протеини внесувате дневно.

 

Дали знаете дека повеќето студии укажуваат на тоа дека на секој оној кој крева тежини му се потребни најмалку 150 грама протеини дневно, или еден грам по половина килограм телесна тежина, со цел да се добијат оптимални мускули? Да, навистина. Ако немате идеа колкав е вашиот потребен внес на протеини, време е да дознаете.

 

Денеска, многу е лесно да внесувате помалку протеини одошто е потребно. Живееме во свет кој е фокусиран на јаглехидратите. Многу од оние кои вежбаат со тежини избираат да го надополнат внесот на протеини со суплементи од сурутка или казеин. Ова овозможува многу полесно да се достигне до минималните дневните барања.

 

Исто како што направивте со калориите, во текот на една недела запишувајте го внесувањето на протеините. Целете кон тоа да внесувате околу 180-200 грама на ден секој ден. Ова е една груба проценка за тоа кон што треба да тежнее оној кој крева тежини кога станува збор за внесот на протеини.

 

 

naslovna

 

Причина 3 – Вие “вежбате “

 

Иако вежбањето е навистина одлично за целокупното здравје, тоа не е гаранција дека ќе изградите мускулна маса или ќе добиете на тежина. Препотувањето значи само една работа, а тоа е фактот дека ќе согорите калории .

 

Напорното вежбање не значи и дека вежбате паметно. “Паметното” вежбање вклучува употреба на најдобрите справи и алатки во фитнес салата – сложените вежби. Исто така треба да се фокусирате на прогресивното оптоварување , или постепено да станете посилни отколку што сте сега. Кревањето на тегови од по 6 килограми за време од 30 минути може навистина да ве испоти, но тоа ќе направи многу малку за вашите мускули.

 

Започнете го вашиот тренинг правилно. Најлесен начин да го направите ова е преку максимизирање на секоја серија. Упатете се во салата, со цел да си поставите своевиден рекорд, односно потрудете се да направите уште еден сет повторувања во однос на секоја претходна серија.

 

Ако минатиот пат сте дигнале 90 килограми на бенч клупата и сте направиле 6 повторувања , сега вложете напор да направите 7 или 8 повторувања. Оваа постојана желба за “напредување” е магијата зад процесот на градење на мускулите.

 

Причина 4 – Правите премногу кардио вежби

 

Слаби сте. Не добивате на тежина. Зошто тогаш би правеле 300 минути кардио вежби секоја недела?

 

Некои кардио вежби се одлични за целокупното здравје. Но, за слабичок човек, премногу кардио вежби само го отежнуваат процесот на добивање на тежина и изградба на мускули. Ограничете ги вашите кардио сесии на 3-4 пати неделно, во период од 20-30 минути. Ова е сосем доволно за да го подобрите своето здравје и да го зачувате здравјето на своето срце.

 

Причина 5 – Опседнати сте со своите стомачни мускули и мислите дека сте дебели

 

Вие не сте дебели, едноставно ви недостасува мускулна маса. Разберете го ова … кога сте многу слаби, телото сака да задржи неколку екстра килограми масти. Ќе биде речиси невозможно да ги изгубите овие килограми. Зошто? Бидејќи сте под тежината која би требало да ја имате и вашето тело треба да се заштити себеси од прегладнување.

 

Наместо да се грижите за нивоата на масти во вашето тело, фокусирајте се на додавање на 15 килограми мускули. Оваа дополнителна тежина ќе направи одлично да изгледате и набилдано, па никој нема да ги забележи оние дополнителни 2 килограми” масти од стомакот” со кои сте моментално опседнати.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.