Се е поголем бројот на следбеници кои практикуваат ваков вид на духовна вежба. Иако изворно потекнува од источната мудрост, денес таа претставува вид на алатка со помош на која можеме да влијаеме или дури и да ги спречиме стресните ситуации со коишто секојдневно се соочуваме. Веќе одамна се познати разните корисни дејствија на медитацијата, а во продолжение погледнете зошто токму со неа треба да ви започнува денот.

Кога стресот ќе го ,,нападне,, организмот, тоа може да предизвика низа непријатности, како што се: стомачни проблеми, нередовна столица, болни менструални циклуси, главоболки, аритмија и многу други. Затоа е неопходно да направиме се што е во наша моќ со цел да го спречиме или намалиме нивото на стрес. Еден од начините е медитацијата. Бавното и длабоко дишење може да го ублажи чувството на анкциозност, кое е главен причинител на стресот.

 

Го забрзува метаболизмот

Стресот може да предизвика лажно чувство на глад, а како што веќе рековме, со медитацијата се намалува нивото на стрес, а со самото тоа и епизодите на напад на глад ќе се намалат. Иако треба да се има на ум дека медитацијата сама по себе нема да биде доволна за да ги намалите килограмите, сепак со неа може да се залажува гладот во миговите на лажен напад на глад. Медитацијата и правилната исхрана ќе ве доведат до посакуваните резултати.

 

Го забавува старењето

 

Сигурно сте забележале дека оние кои често медитираат, вежбаат јога и практикуваат други духовни вежби дека изгледаат помладо. За нив времето како да застанало. Изгледаат посвежо и  поубаво отколку што биле неколку години порано. Иако се прашувате како е можно да се подмлади човек без хируршки интервенции, медитацијата може да биде одговорот на тоа прашање.

 

Ќе ја ублажи болката

 

Едно истражување покажало дека оние кои медитираат ги имаат намалено болките за дури 44% помалку пред да се впуштат во медитација. Ова истражување се однесувало и на физичката и на емоционалната болка, подеднакво. Медитацијата не тера да имаме право држење, да дишиме длабоко, да го храниме организмот со кислород, а сето тода делува корисно врз телото и психата.

 

Поубав сон

 

Доколку имате проблеми со спиењето и често се будите, доцна легнувате или немирно спиете, медитацијата и во овој случај може да биде патот до решението.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина