5 причини кои не спречуваат убаво да ги обликуваме нозете
Постојано правите чучнувања, возите велосипед и изведувате разни други вежби за нозете, но никако не успевате да го добиете посакуваниот облик? Ова се најосновните причини кои можат да го предизвикаат тоа.
Правите премногу кардио вежби – кардио вежбите се важен дел од секоја фитнес рутина, но доколку тренингот е базиран воглавно на кардио вежби, тоа значи дека вежбачот ќе има понизок уддел на мускулна маса, бидејќи премногу мускули претставуваат пречка за кардио вежбите затоа што оној кој има поголема маса потешко се движи. Затоа, ако целта ви е да добиете повеќе мускули на нозете, дајте им предност на вежбите за сила.
Не се истегнувате доволно – за да изградите мускули, треба да го ангажирате секој мускул на нозете, а тоа може да се постигне така што често треба да се менуваат вежбите кои се изведуваат и да се истегнувате пред и по тренингот.
Ништо од мускули без диета – тажната вистина е дека врвни резултати не можат да се постигнат без советување со стручњаците. Секој има мускули, но од количината на масните наслаги на телото зависи дали ќе ги видиме тие мускули. Секако, со вежбањето удделот на масното ткиво може да се намали, но никогаш доволно за мускулите да бидат добро видливи. Затоа е многу важно што се јаде за да се има уаво дефинирани мускули на нозете. Пожелни се протеините, зеленчукот, сложените јагленохидрати, овошјето, а подобро е да се заборави на хамбургерите и пржените компирчиња.
Делуваат само правилно изведени вежби – можете да вежбате до бесвест, но ако не ги изведувате вежбите правилно никогаш нема да ги видите толку многу посакуваните мускули. Затоа, тренерот нека ви покаже како правилно да вежбате, a подоцна проверувајте ги своите движења во огледало.
Не користите доволно голема тежина – за долниот дел на телото треба да се користат поголеми тежини, отколку за долниот дел од телото. За долниот дел се потребни поголеми тежини, бидејќи постојано ги користиме нозете и тие се навикнати на оптоварување.