И без тешко гладување и трчање на маратони секој ден, со промена на неколку навики, воведување на правилна исхрана и, нормално, редовно вежбање, можете да постигнете многу на тоа поле. Ако се ослободите од следниве 5 навики, слабеењето ви е загарантирано!

Ги прескокнувате оброците

Се обидувате да ослабнете и се трудите што помалку да јадете? Тоа е ок пристап, само доколку не ги прескокнувате оброците и да јадете на пример само еднаш дневно. Тоа е погрешно, бидејќи доаѓа до спротивен ефект! Ако јадете само еден голем оброк дневно, вашето тело е веќе во алармантна состојба поради реткиот внос на храна, па и тој еден, и тоа масен оброк, ќе го сфати како единствена шанса за опстанок и се ќе отиде во резерви или во масни наслаги. Исто така, ако го прескокнувате појадокот, вашето тело ќе создаде силна желба за храна, поради што ќе јадете многу повеќе. Подобро е да јадете по 5 помали оброци дневно, а кои исто така ќе треба да ги избалансирате и осмислите.

Јадете пребрзо

Ние сме предодредени да ја џвакаме долго храната која ја земаме. Докажано е дека оние кои јадат брзо и кратко ја џвакаат храната пред да ја голтнат изедуваат речиси третина од храната од останатите. Ваквата набрзина консумирана и полусварена храна го успорува варењето, па чувство на ситост се јавува многу подоцна и доаѓа до прејадување. Ако имате ваква навика и сакате да ослабнете, не треба да ви кажуваме дека треба да се ослободите од неа.

Пијете премногу кафе

Докажано е дека поголемите количини на кофеин кои ги внесуваме во организмот при испиените бројни кафиња во текот на денот го подигаат нивото на кортизол – хормонот на стрес кој се ослободува во организмот. Кортизолот ја стимулира желбата за храна, односно го зголемува чувството за глад, поради што јадеме многу повеќе отколку што ни е потребно. Ако се препознавте себеси во ова, потребно е што поскоро да го намалите бројот на испиени кафиња во текот на денот на само едно утринско кафе.

Си легнувате многу доцна

Ако имате навика да си легнувате многу доцна, во вашето тело почнуваат да се случуваат промени на ниво на хормоните, посебно на лепатинот и грелинот. Лепатинот е задолжен за испраќање сигнали до мозокот дека сте сити, додека грелинот го активира чувството на глад. Дисбалансот помеѓу овие хормони доведува до ужасно силна желба за храна, која се јавува во доцните вечерни часови. Ако сакате да го одбегнете непотребното чувство на глад, легнувајте си порано.

Не пиете доволно течности

Водата е многу важна за нашиот организам и треба да ја внесуваме во доволни количини, без разлика дали ни се пие или дали е надвор топло. Еден од пропратните симптоми на дехидрацијата, која се случува ако не добиеме или ако загубиме одредена количина течности, е чувството на глад, кое се јавува ако ги занемаруваме сигналите за жед кои ни ги испраќа телото. Повеќето луѓе признаваат дека немаат некоја голема потреба да внесуваат течности, но се работи само за лоша навика. Вашето тело копнее за вода и затоа треба да се придржувае до златното правило за 7 до 8 чаши вода дневно. Исто така, една чаша вода пред оброк ќе развие чувство на ситост, па ќе изедете многу помалку. Заборавете на слатките пијалоци и посветете се на златната течност која ги топи килограмите.

Ова не се некои волшебни совети кои лесно ќе ве доведат до губење на килограмите. Треба да бидете свесни за овие навики и да ги промените, па со вежбање и правилна исхрана сигурно ќе ја постигнете целта.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина