Болестите на срцето се многу често генетски условени, но за нив важна е и превенцијата. Помогнете си сами на себе колку што можете кога се работи за вашето тело и здравје. Ова се петте пијалоци кои придонесуваат за здравјето на срцето.

 

Кафе

 

Можеби ќе се изненадите од фактот дека кафето има поголем антиоксидативен ефект од чајот и какаото. Меѓутоа, се работи за умерено консумирање на кафето, бидејќи само така се има покажано за заштитиник на срцето и во намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни болести. Покрај тоа, исто така ги намалува воспалителните процеси во телото.

 

Истражувањето покажало дека оние жени кои консумираат по два филџана кафе дневно имаат за 20% понизок ризик од мозочен удар од оние кои не пијат кафе. Меѓутоа, ако консумирате повеќе од четири филџани дневно – тоа доведува до несоница, замор и тегоби.

 

Сок од шипинки

 

Шипинката има големо антиоксидативно дејство. Истражувањата покажале дека редовното консумирање сок или чај од шипинки може да го заштити срцето преку намалување на нивото на холестерол во крвта. Шипинката треба секогаш да се консумира свежа и незасладена.

 

Црн чај

 

Црниот чај содржи антиоксиданси кои ќе го подобрат здравјето на срцето. Се покажало дека консумирањето црн чај го намалува нивото на холестеролот, ја подобрува функцијата на крвните садови и го намалува ризикот од мозочен удар. Пијте го свеж, незасладен и топол.

 

Зелен чај

 

Чај кој ќе помогне да се намали ризикот од развој на болести на коронарните артерии. Исто така, поврзан e со намалувањето на холестеролот во крвта, а може да помогне и во намалување на крвните згрутчувања и мозочен удар.

 

Вода

 

Водата е најздравиот пијалок кој можете да му го пружите на своето тело. Внимавајте телото да не ви дехидрира, бидејќи во тој случај срцето ќе троши повеќе енергија, а може да доведе и до хипертензија, односно до зголемен крвен притисок. Внимавајте колку вода пиете на дневна база, бидејќи за вашето тело и здравје нема подобар напиток, а одличен е и за срцето. Се препорачува дневно да се испијат по 8 чаши.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина