1

Доколку навистина сакате да бидете добри во се што правите, важно е да ги донесете овие пет одлуки

Превземете одговорност – важно е да преземете 100 % одговорност за својотот живот. Тоа значи да бидете одговорни за сите добри, но и лоши работи кои ви се случуваат во животот. За да се ​​бидете успешни треба да се откажете од сите изговори и обвинувања на другите за лошите работи кои што се случуваат. Роберт Ресник одговорноста ја изразил преку формулата Н (настан) + Р ( реакција) = И ( исход). Едноставно кажано, секој исход во вашиот живот е резултат на вашите реакции на минатите настани. Доколку не ви се допаѓаат вашите исходи, морате да ги промените вашите реакции .

Внимателно изберете го друштвото – самодовербата е минлива. Доколку се дружите со погрешни луѓе, може да се случи да ги попримите нивните лоши особини, размислувања и ставови. За да бидете позитивни, дружете се со такви луѓе. Размислете за луѓето со кои се дружите и одберете ги оние со најпозитивни особини. Повеќе време поминувајте со нив, излегувајте и чувајте ги вашите пријателства.

Бидете поупорни и похрабри – ако сакате нешто, потрудете се тоа и да го добиете. Многу луѓе се откажуваат пред било што и да се обидат, без разлика дали се работи за ситници или големи нешта. Недостатокот на храброст е пречка која луѓето ги чини многу важни работи во животот. Храброста и упорноста се едни од најважните особини кои гарантираат животен успех.

Прифатете ги промените – честа грешка која им се случува на многумина е отпорот кој го пружаат кон промените. Промените се нешто што нормално се случува и мораме да ги прифатиме такви какви што се. Секоја промена е потребно да ја прифатите онаква каква што е и да се прилагоди на најдобар можен начин. Секоја промена да се најде лице гради и нè учи нови работи.

Живејте и работете со ентузијазам – страста кон животот и работата е нешто што се гледа на прв поглед. Ако сте решиле да бидете најдобри во тоа што го правите, морате да им покажете и на другите дека тоа го правите со желба и волја. Засакајте ја својата работа и работете ја потполно страствено. Вашето задоволство ќе биде видливо на прв поглед.

И секако пред се, бидете оптимисти! Истражувањето спроведено над 7.000 возрасни лица во текот на четири години, заклучило дека оптимистите имаат 73 проценти помал ризик за добивање кардиоваскулатни заболувања во споредба со песимистите.

– Не само што оптимистите поздраво се однесуваат, но тие и веруваат дека вежбањето и здравата исхрана позитивно влијаат врз здравјето – објаснува Ерик Ким, авторот на студијата и професор по психологија на Универзитетот во Мичиген.

Покрај тоа, оптимистите подобро се справуваат со стресот, со што се намалуваат штетните ефекти врз здравјето на срцето. Д-р Ким додава дека е неопходно да се спроведат и повеќе истражувања за да се испита специфичниот однос помеѓу оптимизмот и здравјето на срцето. Инаку, околу 80 проценти од срцевите болести се јавуваат кај постарите луѓе.

– Доколку се земат предвид сите ефекти на оптимизмот – среќа, позитивен поглед на светот и самите себеси, други здравствени придобивки – важно е да дадете се од себе и да започнете животот да го гледате од светлата страна – вели д-р Ким.