Овие вежби, во кои нема многу потење и напор, ќе ви помогнат да се чувствувате поубаво, полесно и подобро, ќе ви ја разбудат енергијата и ќе ви ја поправат линијата. Клучна работа во врска со нив е што не смеете да се поместувате додека ги изведувате.

 

 

Во секоја положба се останува од 5 – 30 секунди, а се прават најмалку по 4 – 5 пати неделно.

 

1. Крилја на пеперутка

 

 

Легнете на грб, нозете свиткајте ги во колената, подигнете го долниот дел од грбот, потпирајќи се на ѕид со десната нога. Левото стапало ставете го на десното колено, а дланките на стомак. Повторете го истото и со левата нога.

 

2. Ветерница

 

 

 

Едната дланка ставете ја на стомак. Нозете подигнете ги на ѕид, а задникот приближете го сосема до него поради рамнотежа. Левата нога спуштете ја колку што можете пониско, без да ја поместувате десната нога. Останете во таа положба 5 – 30 секунди, а потоа повторете го истото со другата нога.

 

3. Поздрав

 

 

 

Двете нозе подигнете ги на ѕид, држете ги право, а стапалата испружете ги како што е прикажано на сликата. Подигнете го десното рамо, рацете држете ги право, насочувајќи ја кон стапалата. Левата рака држете ја на стомак. Повторете ја вежбата и со левата рака.

 

4. Ножици

 

 

Двете нозе подигнете ги без да ги свиткувате колената. Десната нога потпрете ја на ѕид, а левата приближете ја кон лицето. Телото придржувајте го со рацете за рамнотежа. Повторете ја вежбата и со левата нога.

 

5. Мост

 

 

 

Легнете на под, рацете испружете ги, дланките поставете ги на под. Со врвовите на прстите треба да го допирате ѕидот. Ставете ги стапалата на ѕидот колку што можете повисоко и потпрете се на нив, затегнувајќи ги мускулите на бутовите и подигнувајќи го грбот од подот.

За да почувствувате напредок, треба секоја поза да се повторува по 10 пати, а првите резултати ќе бидат видливи за неколку недели.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина