spienje_2

Една третина од живото ја поминуваме спиејќи, а сонот е неопходен за доброто функционирање на организмот, исто толку како и храната и водата. За време на спиењето, невроните во мозокот работат скоро исто како и кога сме будни, затоа и не би требало да ве изненади фактот дека часовите кои ги поминуваме во спиење се многу важни за мозочните и когнитивните функции.

Ова се петте неверојатни работи кои мозокот ги прави додека спиете.

1.Донесување одлуки

Мозокот за време на спиењето може да ги обработува информациите и да ве подготви за акции и ефективно донесување на одлуки, тврди едно ново истражување. Процесите кои се случуваат во мозокот за време на спиењето користат достапни информации кои ни го олеснуваат донесувањето на одлуки кога сме будни. Кога ќе потонете во сон, вашиот мозо и понатаму родолжува да бара решенија за некој проблем, па после будењето се чувствувате подготвени да го решите.

2.Создавање и утврдување на сеќавањата

Додека спиете, мозокот е зафатен со создавање на нови сеќавања, утврдување на старите и поврзување на скорешните и поодамнешните сеќавања. Доколку не се наспиете доволно, тоа ќе влијае на хипокампусот, област во мозокот која е одговорна за создавање на сеќавања и нивно утврдување. Затоа, сонот игра многу важна улога во процесот на учење- ни помага да ги запаметиме новите информации и подобро да ги употребиме подоцна, кога ќе ни затребаат.

Спиењето пред учење го подготвува мозокот за инизијално складирање на сеќавањата, а спиењето после учењето е важно бидејќи помага во паметењето и чувањето на новите информации, што значи дека потешко ќе ги заборавите. Затоа, задолжително отспијте пред важен испит, наместо цела ноќ да ја поминете учејќи.

3.Создава креативни конекции

Сонот умее да ја поттикне креативноста, бидејќи во текот на сонот се создаваат изненадувачки нови конекции кои не би ги имале додека сте будни. Едно американско истражување од 2007 година, открило дека сонот може да создаде необични конекции во мозокот и да предизвика реакција на „просветлување“,односно т.н. нови идеи, кога ќе се разбудите.

4.Ги елиминира токсините

Една серија истражувања од 2013 година, открила дека самопрочистувањето е една од важните функции на мозокот за време на спиењето. Истражувачите од Универзитетот во Рочестер спроведувале експеримент врз глувци и откриле дека во текот на спиењето, мозокот на глувците се прочистува од штетните мускули поврзани со невродегенерацијата. Просторот помеѓу мозочните клетки всушност се зголемувал за време на спиењето на глувците и му дозволил на мозокот да ги елиминира токсичните молекули кои се наталожиле во текот на денот. Значи, ако не спиеме доволно долго за мозокот да се прочисти од токсини, може да дојде до невродегенаривни болести како што се Паркинсонова или Алцхајмерова болест.

5.Учи и памети како да ги изведе физичките задачи

Мозокот ги складира информациите во долгорочна меморија преку кратките мозочни бранови со посилна фреквенција за време на РЕМ фазата од спиењето. Овие процеси можат да помогнат за чување на информациите кои се во врска со моторичките способности како што се возењето, вежбањето на нови движења во танцувањето и сличо, па овие вештини побрзо стануваат автоматски. Мозокот за време на РЕМ фазата ја трансформира краткорочната меморија во долгорочна меморија.