Праксата покажува дека депресијата се манифестира кај различни луѓе различно – некој постојано се чувствува депресивно, а некој едноставно не сака да излезе од дома и сака деновите да ги минува во кревет. Но, според психолозите, постојат знаци за депресија кои се многу тешки за препознавање.

Раздразливост

Ако почнете почесто да се расправате со возачите од другите автомобили (да не ги спомнуваме роднините, пријателите и саканите), а не постои очигледна причина за таквата реакција, тогаш се наоѓате во прва фаза од депресијата.

Проблеми со спиењето

Мислите дека депресивните луѓе сакаат да спијат и ден и ноќ? За некои е очигледно обратно – не можат да склопат очи или, дури и ако успејат да заспијат следното утро се како скршени, па дури и повеќе уморни.

Необјаснива болка

Некои пациенти се жалат на болка, а докторите не можат да постават дијагноза дури и по многу испитувања на телото и илјадници анализи. Ако е тоа случај и со вас, тогаш е време да побарате помош од терапевт.

Зголемен апетит

Почнавте да јадете по неколку дополнителни порции за време на ручекот? За жал, тоа може да биде поврзано не само со зголемен физички напор или со ПМС, туку и со депресија, бидејќи менталните нарушувања можат да предизвикаат губење на апетитот, но и до негово необјасниво зголемување.

Проблеми со концентрацијата

Почнавте да заборавате очигледни нешта на работа или каде ги имате оставено клучевите од автомобилот? Оили, уште полошо, едноставно не можете да се одлучите што сакате да јадете за вечера: стек или филе? Проблемите со вниманието можат да бидат последица од депресија.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина