Свесноста од штетноста на пушењето глобално е се пораширена, но модерното време се карактеризира со низа фактори кои постепено пушењето го поместуваат од врвот на пописот на смртоносни навики, предупредуваат американските научници.

 

Осаменост

 

 

Поновите истражувања покажуваат дека општествената изолација е подеднакво штетна по здравјето како и останатите нешта од врвот на ,,смртоносниот,, попис, пренесува Independent. Социјалните мрежи и се пореткото дружење ,,во живо,, со пријателите и колегите доведоа до тоа осаменоста да поприми размери на епидемија. Професорката по психологија на Универзитетот Брајгам Јанг, Џулијана Холт-Лунстад, вели дека ефектот од осаменоста на намалување на животниот век е еднакво како тој дневно да пуши по 15 цигари.

 

 

Седечки начин на живот

 

Ваквиот недостиг на движење во текот на целиот ден го зголемува ризикот за заболување од повеќе видови рак, покажала студијата од 2014 година. Секои дополнителни два часа седење го зголемуваат ризикот за заболување од рак на дебелото црево, карцином на ендометриумот, рак на белите дробови, без разлика на тоа дали поединецот, седењето подолго од осум часа на ден го зголемува ризикот од различни здравствени проблеми.

 

 

Недостиг на сон

 

Американските научници утврдиле дека 50-7- милиони жители на САД патат од нарушување во спиењето. Недоволната количина сон, предупредил во 2015 година професорот Валерија Гафаров од Светската здравствена организација, го зголемува ризикот од добивање мозочен и срцев удар во подеднаква мерка како и секојдневното пушење.

 

 

Солариум

 

Иако користењето на солариум се чини како добра варијанта на сончањето која ја имаме под контрола, и двете можат да бидат подеднакво опасни за организмот како и пушењето. Дерматолозите уште во 2014 година докажале дека претераното користење солариум предизвикува повеќе случаи на рак на кожата отколку пушењето што предизвикува рак на белите дробови.

 

Нездрава исхрана

 

Слатката и преработена храна, богата со заситени масни киселини, влијае на развојот на потенцијално смртоносни болести исто како и пушењето. Во 2016 година научниците кои се занимаваат со истражување на смртоносните случаи како последица од лошата исхрана, заклучиле дека стапката на смртност ги надминала оние од алкохолот, дрогата и пушењето.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.