Гладот, било да е физички, психички или емоционален, може да ни даде важни знаци за тоа што се случува во нашето тело и ум. Во продолжение се претставени кои се тие знаци.

Гладни сме

Можеби се чини очигледно, но не можеме секогаш едноставно да знаеме дали сме (физички) гладни или не. Емоциите, околината и луѓето со кои се среќаваме секојдневно играат важна улога во посегнувањето по разни грицки. Кога се работи за ,,вистинска,, глад, нејзините ,,симптоми,, најчесто вклучуваат чувство на празнина во желудникот, нагла поспаност, глад, чувство на слабост и лесна главоболка. Се разбира, овие знаци не се еднакви за сите луѓе, но важно е да се знае да се препознаат миговите кога сме навистина гладни, а уште поважно е во тие ситуации да се касне нешто.

Потребно е менување на опкружувањето

Кога нема знаци за физичка глад, се случува нешто друго. Во тие ситуации треба да се запрашаме како всушност се чувствуваме – дали сме немирни или ни е можеби здодевно? Ако чувствуваме немир и непријатност, треба да се обидеме да прошетаме 15-тина минути на отворено, бидејќи прошетката во овој случај може да биде здрава дистракција.

Пауза

Можно е понекогаш да ја користиме храната за да ,,продолжиме,, некоја задача или затоа што не сакаме да направиме вистинска пауза. Треба да си дозволиме малку одмор во текот на денот, за да не мораме да ја користиме храната како оправдание за одмор.

Забавување

Постои многу нормална (па дури и добра) страна на емоционалното консумирање на храна, како што е парче торта на роденденска прослава, во која уживате се до задното парче. Нема ништо лошо во тоа да се спојат расположението и одредена храна.

Исхраната е премногу рестриктивна

Сите ние понекогаш мечтаеме за храна, но ако ова ни се случува постојано, тоа може да е знак дека исхраната ни е премногу рестриктивна. Овде нашата ментална сила нема да игра голема улога, бидејќи биологијата (на пример, хормоните кои ни сигнализираат дека мораме да јадеме) секојпат ќе победи. Ако често копнееме по храна која е богата со јагленохидрати, тогаш постои можност телото да не ни добива доволно енергија.

 

Тагови: апетитглад
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина