Вистина е дека женските нозе изгледаат фантастично во чевли со високи потпетици. Но, тоа не значи дека треба да го жртвувате здравјето поради изгледот. Високите потпетици се опасни по здравјето. Поради ова треба да се одбегнуваат.
Погледнете ја природната положба на стапалата. Додека носите високи потпетици, најголем дел од вашата тежина и притисокот е на петите. Ако мислите дека брзо се враќаат во природна положба кога ќе ги собуете, се лажете. Високите потпетици го менуваат тоа. Една студија покажува дека носењето високи потпетици предизвикува енормно висок притисок врз стапалата, кои се во неприродна положба, и цела тежина се фокусира на петите. Овој ефект станува посилен кога се носат уште повисоки потпетици. Со тек на времето, тоа може да ги ослабне петите.

Благодарение на современата медицинска технологија, истражувачите и докорите можат да видат како функционира телото кога жените носат високи потпетици. Иако е убаво да се види жена на високи потпетици, тие ја префрлаат сета тежина на рбетот и со тоа се додава притисок на долниот дел на грбот.
Некои истражувачи покажуваат дека едниот пршлен го турка другиот поради константното носење високи потпетици. Ова е исклучително болна состојба, а тоа е оној ризик кој го бирате при носењето високи потпетици. Како прв ризик е добивањето одредени повреди, но и следниве ризици:

 

  • Напнати мускули околу зглобовите
  • Болка во грбот, поради поместувањето кон нанапред на центарот за гравитација
  • Ахилова тетива – поради тоа што долниот дел од стапалото е спуштен, доаѓа до затегање на Ахиловата пета, што по извесно време може да стане многу болно.
  •  Пета – тесните чевли можат да ја иритираат петата и така да предизвикаат зголемување на петната коска. Тој деформитет се нарекува Хаглундово заболување.
  • Здрвеност на прстите и трајни нервни оштетувања на прстите – во тесни и високи потпетици прстите се постојано згрчени, дури и испреплетени. За жал, ако често носите високи потпетици, оваа состојба може да потрае, и тоа дури и тогаш кога носите удобни обувки.

 

 

Не морате во целост да се откажете од високите потпетици, посебно ако сакате да ги носите во посебни пригоди. Меѓутоа, треба да земете во предвид дали и понатаму ќе носите високи потпетици или ќе се определите за рамни обувки, што е многу поздраво. На тој начин вашето стапало е во природна состојба и можете да ја подобрите сопствената општа здравствена состојба.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина