За време на бременоста, но и кога ќе почнат да дојат, мајките често добиваат разни совети за исхраната за време на доењето. Им се советува да одбегнуваат разни видови храна – цитрусни овошја, зелка, сирово овошје, печена, зачинета и лута храна и слично. Таквата храна, велат, може да предизвика кај детето надуеност и грчеви или да ја намали количината на млеко. Но, ваквите совети не се универзални. Различни култури имаат различни убедувања во поглед на исхраната на доилките. Во Кина, на пример, и на североистокот од Азија, не се препорачуваат студени пијалоци за време на периодот на доење. На жените во Латинска Америка им се советува да одбегнуваат да јадат свинско месо, чили или домати. Афроамериканските одбегнуваат лук, а Австралијанките зелка, чоколада, зачинета храна, грашок и карфиол. Кому да му се верува? И, на крајот, што е препорачливо да се јаде? Одговорот е дека доилките смеат да јадат буквално се, во умерени количини, се додека тоа не им пречи на нивните деца. Значи, нема забранета храна, или намирници кои треба да се одбегнуваат. Разновидната исхрана на мајката го менува вкусот на млекото и го доведува детето во свет на разни вкусови. Како и за време на бременоста, важно е мајката да продолжи да се храни здраво и разновидно, но ако забележи дека некоја намирница му пречи на детето, треба истата на некое време (отприлика еден до два дена) да ја исфрли од исхраната.

За почеток, не треба прерано да се грижите поради храната која лошо влијае врз млекото. Омилените вкусови, како што е лукот и силните зачини, во мали количини не можат да му наштетат на бебето. Од друга страна, пак, постои храна која треба да се одбегнува не поради нејзиниот вкус туку поради составот. Еве кои се 5 намирници треба да се одбегнуваат за време на доењето:

Риба

Во теорија, сите риби содржат одредена количина жива или неуротоксин, кој може лошо да делува врз мозокот на бебето. Сепак, рибата изобилува со здрави протеини и масти, па ризикот од живата е незначителен. Исклучок се оние риби во кои има најголема концентрација на жива, а тоа се морското куче, сабјарката и скушата. Наместо овие, слободно консумирајте по два оброка на ден шкампи, лосос и сом.

Алкохол

Едно американско истражување покажало дека мала количина алкохол не е штетна за децата, но само ако се работи за многу мала количина. Чаша вино за вечера и во ретки прилики не е нешто за што треба да се грижите. Но, чаша вино секој ден е навистина ризик за детето. Поголемите количини алкохол предизвикуваат слабост, длабок сон и абнормална тежина кај детето, а воедно го намалуваат и создавањето на млекото.

Кафе

Добра вест за сите мајки е дека по непроспиената ноќ покрај своето бебе слободно можат да се напијат една шолја кафе наутро, но како и со алкохолот, треба да ги намалат дозите. Во текот на денот не би требале да пијат повеќе од две шолји.

Нане

Сигурни сме дека не користите огромни количини пеперминт, но добро е да се знае дека ова растение и производите кои го содржат можат да го намалат создавањето на млекото. Нането е инаку преполно со лековити својства и има исто делување како и пеперминтот, но обично само кога се консумира во големи дози. Сепак, пожелно е да го одбегнувате во периодот на доење.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина