Високиот крвен притисок е сериозен здравствен проблем ширум светот, а ако не се контролира може да предизвика ненадејна смрт. Според податоците на американскиот Центар за контрола на болести и превенција, повеќе од полоивна луѓе и не знаат дека имаат проблем со висок крвен притисок или не го контролираат редовно, што доведува до голем ризик по здравјето.

Високиот крвен притисок е познат под името тивок убиец, па покрај оштетување на бубрезите и губење на видот, неговото неконтролирање често доведува до смртоносен исход. Ако докторот ви дијагностицирал висок крвен притисок, задолжително престанете да ги јадете следниве намирници и да си го продолжите животот.

Проблемите со високиот крвен притисок треба да ги намалите со намалување на консумирањето на храна која содржи натриум. Американската асоцијација за срце истакнува дека вишокот натриум доведува до повлекување на водата од крвните садови и се создава вишок крв, што предизвикува зголемување на крвниот притисок. Исто така, докажано е дека најмногу натриум внесуваме преку солта, која во прекумерна доза го има во брзата, спакувана и храна од рестораниОваа институција предупредува дека во овеи намирници се додава најмногу натриум:

1. Кифли и переци – еден перек може да содржи и до 230 милиграми натриум

2. Сувомеснати производи имаат и до 2.000 милиграми натриум во 100 грама

3. Пијалоци – едно парче може да содржи дури 760 милиграми натриум

4. Пилешко само 100 грама пилешки стапчиња за пржење можат да содржат 600 милиграми сол

5. Готови супи – една шолја супа од ќесе може да содржи неверојатни 940 милиграми натриум

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина