Новата година и празниците честопати резултираат со по некој килограм вишок, па доколку имате доволно простор дома, можете да се ослободите од нив, и сето тоа според сопствено темпо и можности.

 

Овие 5 видеа за вежбање дома се најпопуларните.

 

1.Вежбајте како Нина

 

 

 

Ова видео е снимено на вистински тренинг со мотивирачка музика. Можат да се прават разни вежби и танцувачки движења, но со голема количина пот при нивното изведување.

 

Тренингот трае 30 минути, а за тоа време има многу скокања, чучнувања и трчање во место, коие тренерите детално ги покауваат и објаснуваат.

 

2. ХИИТ вежбите на Џо Викс за апсолутни почетници

 

 

 

ХИИТ вежбите се многу ефикасен тренинг кој вклучува 30 секунди активност, по кои следуват 30 секунди одмор. Ваквите паузи го прават одеален за почетници кои сакаат да вежбаат, но кои не сакаат да претераат.

 

Џо не само што е оптимист и мотиватор, туку видеото е исто така полно со разни движења кои можат лесно да се следат – како на пример високи удари или боксерски движења. Така што постои мала можност да им здодее на луѓето.

 

3. 10 – минутна вежба за стомачни мускули со водство на тренер

 

 

 

Стомачните вежби знаат да бидат многу напорни и да предизвикаат кај луѓето страв и ужаснување, но ова кусо видео е идеално за сите оние кои немаат многу време за вежбање, а кои сакаат да имаат убав и дефиниран абдомен.

 

Со видеото оди детално аудио објаснување како да се изведуваат вежбите и каде луѓето често грешат. Видеото дава чувство кај оние кои го гледаат како да имаат сопствен тренер кој ги види низ сите вежби

 

4. 5 – минутна вежба која ги заменува интензивните кардио вежби

 

 

 

Ова можеби звучи предобро за да биде вистинито, но вежбањето на овие вежби само 5 минутидневно ќе им даде тонус на мускулите и ќе помогне во постигнување идеални пропорции.

 

Видеото се состои од низа различни планкови (штици) кои сами по себе се чинат едноставни, но оддржувањето на планк 30 или 60 секунди вклучува активирање на сите мускули, а резултира со зацврстување на стомакот и грбот, пофлексибилно тело и правилно држење.

 

5. Вежби за задник со фитнес блогерката Грејс Фит

 

 

 

Ова е видео коешто треба да го погледнат сите оние кои покрај вежбање се интересираат и за режимот на исхраната, идеална облека за вежбање и самиот циклус на вежби кои ги прави фитнес блогерката Грејс Фит.

 

Циклусот од вежби започнува веќе по осум минути од видеото, во кое објаснува која вежба колку пати мора да се повтори и на кој начин, се со цел преку ова вежбање да се добие совршено обликуван задник.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина