Ако со тек на време вашето тело повеќе не може да оддржи чекор како што можел некогаш, тогаш можно е на метаболизмот да му е потребно будење. Но, ако мислите дека знаете се за природната ,,печка,, на вашиот организам, грешите.

Ова се некои од најголемите пет митови за метаболизмот:

1. МЕТАБОЛИЗМОТ НЕМИНОВНО ЗАБАВУВА ВО ТЕК НА ГОДИНИТЕ

Постојат одредени последици од стареењето, против кои ништо не можеме да направиме. Но, ако редовно вежбате и ја оддржувате телесната тежина под контрола, вашиот метаболизам може да се мери со просечен дваесетгодишник, дури и ако влезете во петтата или шесттаа деценија од животот, пишува Men’s Journal.

2. СИТЕ ВИДОВИ НА РЕДОВНО ВЕЖБАЊЕ МОЖАТ ДА ГО ОДДРЖУВААТ МЕТАБОЛИЗМОТ НОРМАЛЕН

За здрав метаболизам – мускулната маса е нужност. Трчањето, велосипедизмот и одењето во голема мерка влијаат врз оддржувањето на кондицијата и на нормалниот метаболизам, но најголемо влијание има порастот на физичката сила. Мускулите ги согоруваат шеќерите, го оддржуваат нивното ниво под контрола и ја спречуваат појавата на многу болести, како што е на пример дијабетесот.

3. ПОСЛАБИТЕ ЛУЃЕ ИМААТ ПОБРЗ МЕТАБОЛИЗАМ

Можете да имате нормална тежина и да имате побавен метаболизам од некој кој е потежок од вас и кој има иста висина. Тежината не ја одредува брзината на метаболизмот, на него влијае само количината на мускули. Ако сте слаби, со мала мускулна маса, големи се шансите и метаболизмот да ви биде бавен.

4. ДЕБЕЛИТЕ ЛУЃЕ НЕМААТ ГОЛЕМА МУСКУЛНА МАСА

Грешка! Луѓето со поголема телесна тежина ги развиваат своите мускули, иако тоа не се забележува под слоевите сало. При слабеење, дебелите луѓе губат поголемм дел од мукулната маса, што влијае на забавување на метаболизмот – правејќи го оддржувањето на новата телесна тежина уште потешко.

5. ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ СОГОРУВА ПОВЕЌЕ КАЛОРИИ

Уште една широко распространета заблуда. Најголем број од калориите во текот на денот се троши на основноте животни процеси (дишењето, варењето, работата на органите…). Од друга страна, со вежбањето сме во можност да контролираме колку калории сакаме да согориме.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина