Разликата помеѓу просечното и напреднато вежбање често може да се објасни со исхраната. Напредните вежбачи добро знаат колку е важен изборот на храна која ќе ја консумираат по тренингот, но повеќето активни луѓе и понатаму не му придаваат големо значење на тоа.

Сепак, ако сакате најдобри резултати, треба да се држите до одредени намирници, кои ќе го закрепнат вашиот организам по вежбањето.

 

1. Цвекло

 

Овој необичен зеленчук во себе има црвен пигмент бетацијанин, одличен антиоксиданс кој помага во преносот на кислородот во мускулите и ги ублажува грчевите. Цвеклото е корисно без оглед на начинот на подготвување.

 

2. Јајца

 

Јајцата се богати со протеини, па се сметаат за еден од најдобрите оброци по тренингот. Протеините од белковините помагаат за закрепнување на мускулите, а жолчката ја дава неопходната енергија.

 

3. Павлака(грчки јогурт)

 

Во помалку од два децилитри грчки јогурт има 14 грама протеини и само 100 калории. Комбиниран со свежо овошје, тој станува идеален оброк после вежбање.

 

4. Лубеница

 

Во топлите денови повеќето луѓе уживаат во овој вкусен и освежителен плод, кој го рехидрира телото и му ги дава потребните нутритиенти. 92% од лубеницата е вода, а порција од два филџани има само 80 kcal.

 

5. Мисиркино месо

 

Мисиркиното месо е одличен извор на протеини, кои и тоа како му се потребни на телото по тренинг за негово закрепнување. Количината потребни протеини варира од човек до човек, но во оние денови кога вежбаме кардио вежби, како што е трчањето, потребни се околу 1.2 до 1.4 грама протеини по килограм телесна тежина, додека во оние денови кога се вежби за сила, потребни се од 1.6 до 1.7 грама по телесна тежина.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина