5 начини за добивање полова болест без секс
Поголемиот број полови болести немаат изразени и јасни симптоми, што многумина ги плаши. Но, тоа и не е најстрашното нешто, туку фактот дека можете да се заразите од некоја и без да сте биле сексуално активни. И тоа на следниве пет начини, кои немаат ама баш никкава врска со сексот!
ВЦ-ШОЛЈА
Трихомонас е полово пренослива инфекција. Несексуалното пренесување е многу ретко, со оглед на тоа што оваа инфекција е генерално ограничена на урогениталниот тракт. Сепак, бидејќи е потврдена присутноста на живи трихомонас вагиналис организми во урината, секретот и семето, дури и по изложеност на воздух од неколку часа, теоретски е можно да се заразиме преку штицата од ВЦ-шолјата.
БРАДА
Моментално во мода се долги и убаво средени бради. Но, тие имаат голем потенцијал да станат плодно тло за развој и размножување на срамни вошки. Вошките се хранат со грицкање на кожата и цицање крв, а чешањето се јавува како одговор на алергијата што се добива од нивните каснувања, ензими и присуството. Обично не се чувствува болка, туку чешање, отприлика една недела по првите каснувања.
КРПИ
Микроорганизмите, како што е трихомонас, можат да преживејат со часови на мокрите крпи и облеката на инфицираните, па можно е да се пренесе на овој начин, иако е многу ретко. Исто така, срамните вошки можат да преминат од крпите, постелнината и облеката од едно на на друго тело.
СОЛАРИУМ
Во солариумите се присутни различни видови габи и бактерии, па затоа од голема важност е да се чистат пред и по сончањето, со цел ризикот од добивање некаква бактериска инфекција да се сведе на минимум. И преголемото сончање во солариум може да резултира исто така со поголема отпорност кон бактериите кои се веќе присутни на телото.
ТЕТОВИРАЊЕ ИЛИ СТАВАЊЕ ПИРСИНГ
И при тетовирањето и ставањето пирсинг многу е важна хигиената. Поголем број салони ја оддржува хигиената на инструментите, а посебно внимание треба да се обрати на иглите коишто можат да бидат преносители на хепатитис Б или Ц или на ХИВ вирусот.