Ако сакате да ја спречите појавата на надуеност, не претерувајте со солта и ограничете го нејзиното консумирање. Пресолената храна го спречува исфрлањето на водата од организмот. Покрај тоа, постојат и други начини за да се реши надуеноста.

 

 

Започнете го денот со филан кафе

 

Кофинот е природен диуретик и одличен извор на антиоксиданси, кои ги штити клетките од стареење. Покрај тоа, кафето делува позитивно на варењето и го спречува запекот. Ако и не сте некој љубител на кафето, напијте се чај, бидејќи и овој напиток е исто така природен диуретик.

 

Јадете храна богата со калиум

 

Овој минерал е одличен за балансирање на количината на сол во организмот. Збогатете ја исхраната со намирници богати со калиум, како што се морковот, слаткиот компир, портокалите, и нема да имате проблеми со отечен стомак. Само внимавајте зеленчукот да биде добро сварен, бидејќи во спротивно ќе имате проблем со варењето.

 

 Јадете намирници богати со вода

 

Да, добро слушнавте. Како што стручњаците препорачуваат дневно да пиете многу вода, така е важно и да јадете храна која во себе содржи вода. Тоа се намирници како краставицата, доматот, целерот, грозјето, артичоките и ананасот.

 

Јадете намирници и пецива од житарки од цело зрно

 

Целозрнестите житарки и мешунки (леќа, грав) се богати со витамини од Б-групата, кои му помагата на метаболизмот. Колку храната содржи повеќе влакна, толку ќе бидете посити подолго време. Покрај тоа, овие намирници имаат многу минерали, вклучувајќи ги и железото, калиумот, калциумот и магнезиумот.

 

Не ги одбегнувајте млечните производи

 

Не правете грешка со тоа што ќе ги одбегнувате сите млечни производи. Грчкиот јогурт е богат со калциум, протеини и калиум и е одличен против надуеност.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина