Вирусите и бактериите се насекаде околу нас. Не можеме да им побегнеме и можат особено да бидат застрашувачки, посебно гледани под микроскоп. Но, малите микроби, кои можат да предизвикаат горе – долу било што, од респираторни инфекции до опасни по животот состојби, честопатите и се ,,соочуваат,, со прилично неразбирање.

 

Еве кои се најчестите заблуди:

 

Можете да добиете некаква инфекција ако седнете на шолјата од јавен тоалет

 

– Не грижете се за тоа. Штицата на шолјата многу често е една од најчистите површини во тоалетот – вели доктор Чарлс Герб, професор по микробилогија на Универзитетот во Аризона. – Повеќе лично сум загрижен што се случува на вашите раце кога користите јавен тоалет, отколку што се случува во позадината – додава Елизабет Скот, од колеџот Симонс.

 

Многу е поголема опасноста да добиете некаква инфекција пуштајќи вода, или допирајќи ја кваката од јавниот тоалет, отколку од седењето на штицата на шолјата. И, каква и да е ситуацијата, никако не ја оставајте чанатата на подот од јавниот тоалет. Таа во најголем број од случаите е површина со најмногу бактерии.

 

Топлата вода подобро мие

 

Неодамнешното спроведено истражување покажало дека нема никаква разлика во ефикасноста од миење на рацете со топла или со студена вода. Единствено што е важно добро да се насапунат рацете и да се тријат додека да изброите до 20, а потоа добро измијте ги.

 

Можеме да се разболиме на студено

 

Секако, не директно поради студот. Падот на температурата не е она што ја зголемува веројатноста дека ќе се разболиме, туку како вирусите реагираат на падот на температурата. Имено, кога е студено, вирусите кои предизвикуваат чести зимски болки се размножуваат побрзо. Освен тоа, кога е надовро студено, повеќе време минуваме во затворени простории, опкружени со луѓе кои киваат, кашлаат…

 

Ако сте фатиле некаков вирус, не одете на места каде има многу луѓе.

 

 

Антибиотиците лекуваат се

 

Тоа не е точно, а посебно не е точно за респираторните инфекции кои најчесто владеат во зима. Повеќето од нив ги предизвикуваат вирусите, кои воопшто не реагираат на антибиотици.

 

Поголема е веројатноста да го расипете стомакот ако јадете надвор

 

Статистиката вели дека околу 80% од случаите заразата со салмонела е од ,,домашно потекло,,. Ќе го намалите ризикот ако користите одделни даски за сецкање месо и зеленчук, ако редовно ги миете рацете и ги менувате кујнските крпи. Исто така, важно е храната да биде добро термички обработена.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина