Нус-појава од земањето на некои лекови на рецепт може да биде зголемен апетит и забавен метаболизам, што на крај влијае врз слабеењето односно дебелеењето. Во зависност од болеста, важно е да се внимава на исхраната и да се зголеми телесната активност, а доколку се забeлежи некаква телесна промена, потребна е задолжителна посета на доктор или аптека.

Некои лекови на рецепт едноставно не одат ,,рака под рака,, со губење на килограмите. Ова е списокот на лековите и како тие делуваат на телесната тежина и на целокупниот организам.

 

 

Бета-блокатори

 

Ова се лековите кои го блокираат хормонот епинефрин (адреналин) во телото. Често се припишуваат за висок крвен притисок. Бета-блокаторите ја забавуваат работата на срцето и ги прошируваат крвните садови, причинско-последично го забавуваат метаболизмот, па така една од последиците од нивното земање е и дебелеењето.. покрај за намалување на крвниот притисок, тие се корисни за лекување мигрена, глауком, ангина пекторис, аритмија, конгестивно запирање на срцето, хипотиреоза и анкциозно нарушување.

 

Антидепресиви/Антипсихотици

 

Најефикасните антипсиотици, како што се клозапин и олнзапин, кои се користта во лекување шизофренија и биполарно нарушување, можат да доведат до дебелеење поради тоа што го блокираат хистаминскиот H1-рецептор.

 

Антидепресивите сами по себе не делуваат на механизмот на дебелеење, туку самата болест. Психичкото нарушување делува на физичките потреби, па организмот е побавен, нема потреба за движење, а се зголемува и желбата за храна, посебно по онаа која ни дава чувство на среќа (го зголемува нивото на серотонин). Таа храна најчесто е високо калорична и со висок гликемиски индекс.

 

 

Антихистаминици

 

Хистаминот е хемиско соединение кое го произведува телото, а познат е по тоа што ги поттикнува воспалителните процеси во организмот кои се поврзуваат со алергиските реакции.

 

Некои поскорешни истражувања откриле дека клетките на мозокот имат рецептори за хистамините, а се чини дека хистаминот влијае на разни физиолошки функции, како што е контролата на апетитот и потрошувачката на енергијата. Па, од тука може да се заклучи, теоретски, дека хистаминот придонесува за побавен метаболизам и за прејадување.

 

 

Лекови за дијабетес

 

Ако се покажа дека во крвните испитувања е зголемено нивото на шеќер во крвта, докторот најпрво треба да се обиде да го намали тоа ниво со совети за поквалитетна исхрана и телесна активност. За жал, процентот на оние кои не мора да земаат лекови е многу мал. Во борбата против дијабетесот постојат разни лекови кои можат да се препишат одделно или во комбинација. Поради тоа што шеќерната болест постапно напредува, повеќето лекови, вклучувајќи го и инсулинот, со тек на време делуваат се послабо. Кога ќе дојде до тоа, се јавува зголемена потреба за храна, воедно и по онаа со поголем гликемиски индекс. Во случај лековите кои се земаат да не даваат задоволителни резултати, докторот може да ја зголеми дозата или сосема да го промени составот на лековите.

 

 

Контрацепција(Хормонски комбинации со цел контрацептивно лекување)

 

Секој вид пилули содржи различни комбинации на хормони и заштитни соединенија, кои влијаат на секоја жена посебно.

Од прилика, кај секоја дваесетта жена се манифестира некаква нус-појава – дебелеење, главоболка или промена на сексуалната желба, расположението и големината на градите.

Грижата за здравјето е секогаш на прво место, но претходно наведените факти не смеат да влијаат на редовното земање на лековите.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина