Постои многу конфузија и многу различни мислења за тоа кој е вистинскиот начин да се изградат мускули, но без оглед на тоа за кој програм за вежбање ќе се одлучите, постојат неколку области на кои ќе треба да се фокусирате доколку сакате да станете пошироки.

 

1.Правилен износ на калории

 

Калориите кои ги внесувате во вашето тело, се исто како и градежните материјали потребни за градење на една куќа. Секако дека ви се потребни калории за да станете поголеми, но количината на калории кои ги внесувате секој ден може да биде истовремено и меч со две острици. Треба да внесувате доволно калории за да ги изградите мускулите, но во исто време, прејадувањето ќе доведе до зголемени телесни масти. Ќе мора да го одредите точниот износ на калории кои треба да ги внесете, со цел да изградите мускули без да ја зголемите количината на масти во телото. За да го постигнете ова, ќе треба да јадете одредени количини на макронутриенти (протеини , јаглехидрати и масти ) во точно одредени периоди. Накратко, најголемиот износ на јаглехидрати и протеини ќетреба да го внесувате после вашиот тренинг и мали порции на протеини и влакна во текот на денот.

 

 

2. Да го пронајдете вистинскиот баланс на макронутриентите

 

Вкупната количина на калориите внесени во текот на денот е е многу важна за изградба на мускулите, но вие треба да го пронајдете точниот баланс на калории од протеини, јаглехидрати и масти за да можете да ги изградите вашите мускули, без притоа да добиете вишок телесни масти. Доколку внесете премногу малку протеини нема да ги изградите мускулите онака како што посакувате, а доколку земете пак премногу јаглехидрати ќе се здобиете со повеќе масти отколку што сакате. Старото добро правило вели дека околу 50% од внесените калории треба да дојдат од протеини, 30% од јагленохидрати и 20% од здрави масти.

 

 

muskuli11

 

 

3. Правилен пристап кон вежбањето

 

Многу од оние кои вежбаат одат во фитнес салата и само подигнуваат тежини без никаков претходен структуриран пристап, воглавно вежбајќи потисок на бенч клупата и вежби за оформување на бицепсот . Со цел да го достигнете вашиот целосен природен потенцијал потребен ви е правилен пристап кон вежбањето. Со други зборови, треба да се држите до големите сложени вежби со кои се гради сила (чучњеви, мртво дигање, бенч клупата преса за рамо). Верувајте, кога ќе ја зајакнете вашата основна сила – ќе следи оформувањето на мускулната маса.

 

 

4 . Вистински број на серии, повторувања и денови за вежбање

 

Како што споменавме претходно, концентрирањето на големите сложени движења ќе ви помогне да изградите телесна фигура, која многумина ќе се свртат да ја погледнат каде и да одите. Една друга работа, на која исто така треба да и се обрне внимание е бројот на серии, повторувања и избор на денови во неделата за вежбање. Веројатно ќе го споредите кревањето тежини со другите работи во животот. Повеќе читање ќе ве направи подобар читател. Повеќе работа ќе ви донесе повеќе пари. Повеќе е подобро , нели? ПОГРЕШНО ! Овие закони не важат и за кревањето тежини. Доколку правите повеќе серии, повеќе повторувања и 6 дена неделно во фитнес салата брзо ќе доведат до претренираност и губење на мускулната маса и сила.

 

 

muskuli_naslovna

 

 

5. Суплементи (додатоци во исхраната)

 

 

Треба да разберете дека суплементите се само она што вели и нивното име – дополнување на вашата исхрана. Поголемиот дел од калориите кои ќе ви внесете треба да дојдат од природната храна . Сепак, користењето на правилни суплементи во вашата исхрана може да биде многу корисно. Неколку додатоци кои вреди да ги внесувате се протеини ( сурутка и јајца), разгранетиот синџир аминокиселини ( BCAA ) , есенцијалните масни киселини (EFA) , креатинот и мултивитамините.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.