Во една сеопфатна анализа на ризичните фактори кои стојат зад деменцијата, научниците укажале на девет кои се од посебно значење. Овие фактори вклучуваат престанок на понатамошната едукација по 15 година, проблем со висок крвен притисок, дебелина и губење на слухот во средно животно доба, како и пушењето, депресијата, физичка неактивност, општествена изолација и дијабетес во подоцнежна животна доба.

Стручњаците сметаат дека со елиминирање на сите овие фактори може да се отстрани еден од трите случаи на деменција во светот.

Иако деменцијата се дијагностицира во подоцнежна возраст, промените во мозокот почнуваат многу години порано вели Гил Ливингстон, професор на Колеџ Универзитетот во Лондон и еден од 24 меѓународни стручњаци кои медицинското списание “Lancet” ги ангажирало за спроведување на анализата.

 

Покрај тоа, целосното недостигање на средно образование во младоста може да ги направи луѓето помалку отпорни на губење на когнитивните функции на постара возраст, наведуваат стручњаците, додека зачувувањето на слухот им помага на луѓето подобро и побогато да го доживуваат светот околу себе, градејќи истовремено когнитивни способности.

Исто така, престанокот со пушењето ја намалува изложеноста на невротоксините и го подобрува здравјето на срцето кое влијае на здравјето на мозокот, како што истакнуваат стручњаците.

 

Воглавно, петте фактори кои најмногу влијаат на здравјето на мозкот се:

 

  • Непушење – никотинот ќе ви ги собере крвните артерии во мозокот, што значи дека тој ќе има проблем да се снабди со нутритиенти и кислород кои се неопходни за добро функционирање
  • Нови знаења – учењето не треба да се сфаќа туку-така. Потрудете се секој ден да доаѓате до нови информации и да работите на тоа мозокoт да ви биде активен
  • Проблеми со слухот – внимавајте на тоа да не го оштетите слухот, но аудитивни информации исклучително се важни за мозокот
  • Проблеми со осаменоста  дружете се, разговарајте и смејте се со пријателите, ќе останете активни и здрави многу подолго од осамените
  • Здрава исхрана  храната која му е потребна на мозокот (како на пример омега-3 масните киселини) мора да биде на вашето мени
Тагови: мозок
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина