Дали некогаш сте се заинтересирале колку сирење јаделе во Британија во 1974 година? Ние никогаш. Се додека не ги видовме бројките кои беа објавени од неодамна од страна на Министерството за животна средина, храна и рурални прашања (Defra), преку кои може да се види трансформацијата на британската исхрана во последните 40 години. И, навистина се забележливи многу промени. Јадеме половина повеќе леб во споредба со 1974 година и речиси за 50% повеќе месо. Но, нешто посебно ни го привлече вниманието – компирите. Денес јадеме за 47% помалку компири. Зошто е тоа важно? Затоа што тие се на врвот на листата на изненадувачки извори на протеини.

Печени компири

Се чини дека оваа главна храна од менито од времето кога сте биле ергени е многу повеќе од евтин и лесен ручек по мамурлукот. Еден компир содржи во себе околу 10% протеини од препорачаната дневна доза на протеини, што е за двојно повеќе од количината која се наоѓа во често фаворизираната слатка варијанта. Ако на него му додадете и туна од конзерва, ќе добиете екстра протеини. Само, не претерувајте со путерот.

Овес

Овесот е одлична алтернатива на јајцата. И покрај нивните добро документирани супер јагленохидратни способности, во 100 грама овес има 17 грама гориво за мускулите. Испечете златно-кафеави колачиња од овес или додадете во топло млеко овс и подгответе си овесна каша како одличен појадок.

Грашок

Грашокот не само што е евтин и лесен за подготовка, тој е исто така и многу хранлив и треба почесто да се консумира. Во една порција грашок има 8 грама протеини, како и витамин К, кој е одличен за јакнење на коските, и витамин Ц, кој е одличен чувар на имунолошкиот систем.

Квиноа

Една порција од оваа супер храна од Јужна Америка содржи половина од дневната препорачана доза на протеини, споредено со 12% кои се содржат во една шолја кус-кус. Нека не ве попречи неговата репутација на здрава храна на новата ера; постојат многу пријатни начини на кои може да се јаде квиноата отколку само во смути со кељ. Одлично се комбинира и со печено мисиркино месо.

Спанаќ

Спанаќот е одличен за градење на мускулите. Не само што содржи по 5 грама протеини во една порција, тој е богат и со нутритиенти, кои ги градат мускулите, вклучувајќи ги железото и лутеинот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина