И Мин Ли, професор по медицина на Медицинскиот факултет на Харварад, смета дека е тоа преголемо оптоварување за организмот, па препорачува уште пет видови на тренинг.

 

Пливање, таи чи, тренинзи за сила, одење и Кегелови вежби се спортски активности кои даваат големи предности од губење на телесната тежина и градење мускули, па се до заштита на срцето и мозокот и јакнење на коските. Во сето тоа клучни се истрајноста и мотивацијата, додека таи- чи посебно се препорачува на постарите луѓе, поради тоа што сами можат да го одредуваат темпото и брзината на изведување на вежбите.

 

Пливање

 

Пливањето можеме слободно да го наречеме совршена вежба, според  извештајот од Харвад. Покрај работење на секој мускул во телото, пливањето исто така може да го подобри здравјето на срцето и да го заштити мозокот од пропаѓање. Може да биде вежба без премногу оптоварувања, а тоа е посебно добро за оние кои имаат артритис, бидејќи носат помали тежини.

 

Таи чи

 

Ова е боречка кинеска вештина која комбинира низа движења кои создаваат еден вид медитација во движење. Вежбите се изведуваат полека, со длабоко дишење. Може да вежбате во свое темпо, па затоа таи-чи е достапен секому – без разлика на полот и нивото на физичка подготвеност.

 

Тренинг на сила

 

Во најосновниот тренинг на сила тежината на теговите се користи за создавање отпор на гравитацијата. Таа тежина може да биде телото, тегови или јажиња. Истражувањата покажуваат дека, во зависност од подготовката, може да се користат големи тежини и мал број повторувања со цел да се изградат посилни и поцврсти мускули.

 

Одење

 

Една неодамнешна студија покажаала дека кај оние од 60 до 8 – годишна возраст одењето 30 минути, четири дена во неделата и 12 недели, ја зајакнува регијата во мозокот која е поврзана со губење на меморијата. И пилот студијата кај оние со тешка депресија заклучила дека 30 минути лесно одење на лента за трчање, 10 дена по ред, може значително да ја редуцира депресијата.

 

Кегелови вежби

 

Кегеловите вежби се важни и за мажите и за жените, бидејќи помагаат во јакнењето на групата мускули кои се наоѓаат во карлицата. Како што старееме, тие мускули, кои ги вклучуваат матката, мочниот меур, тенкото црево и ректумот – може да почнат да слабеат. Нивното оддржување може да има важни предности од спечување непријатности, како што е пуштањето гасови.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина