Во свет преполн со болести, против кои нашите тела не можат да се борат, ние се потпираме на фармацевтската индустрија. Истражувачите неуморно работат на развојот на нови лекови со цел телото да остане здраво. Во повеќето случаи фармацевтските лекови му помагаат на телото, но постојат и лекови кои имаат спротивен ефект.

 

Веројатно мислите дека фармацевтската индустрија никогаш не би продавала лекови кои можат да наштетат. За жал, не бидете наивни. Фармацевтската индустрија е една од  најмоќните индустрии во светот. И само тие можат да контролираат кои лекови ќе се продаваат во јавноста.

 

Кога станува збор за лекови, западната медицина секогаш се обидува да ги елиминира симптомите еден по еден, наместо да го одреди главниот проблем. Воедно, телото многу лесно може да стане зависно од лекови. На пример, лековите против болки делуваат ка што често ќе ви требаат, дури и откако ќе престане болеста. Многу лекови имаат последици кои вклучуваат намалување на нутритиентите во телото. Имајќи го тоа предвид, ова се петте фармацевтски лекови кои ни го уништуваат здравјето речиси моментално.

 

Инхибитори

Ако не сте запознаени со инхибиторот, тој помага во намалување на создавањето и настанокот на киселините со тоа што ги блокира ензимите во желудникот. Во повеќето случаи киселината е причина за појава на чиреви на желудникот. Но, се смета дека инхибиторот може да има влијание во губењето на помнењето, развој на болести на бубрезите и опасност од срцев удар. Ако постојано патите од желудочни киселини, а препишани ви се инхибитори, разговарајте со својот доктор за потенцијално алтернативни лекови. Треба да се фокусирате на тоа што е тоа  што го предизвикува насобирањето на киселините.

 

Преднизон

Преднизонот е стероид со брзо делување, кој спречува испуштање на супстанции кои доведуваат до воспаленија. Ако паитте сами или знаете некој кој пати од артритис или лупус, најверојатно ви е познат Преднизонот. Тој го потиснува делувањето на имунолошкиот систем, кое доведува до тоа телото самото да се напаѓа. Меѓутоа, на тој начин всушност телото станува изложено на разни инфекции. Последиците вклучуваат несоница, главоболки, промена на расположението и вртоглавица. Постојат многу природни начини за ублажување на воспаленијата, а кои не го компромитираат имунолошкиот систем. Разговарајте со својот доктор и пронајдете некоја соодветна алтернатива.

 

Статини

Статините се користат за да се регулира холестеролот во крвта. Тие се едни од најчестите видови лекови за возрасни. Ако се земаат краток временски период, може да предизвикаат болки во мускулите, главоболки, несоница и мачнини. Но, ако се земаат подолго време, тогаш тие можат да предизвикаат исушување на ензимот CoQ10. Овој ензим е клучен за создавање енергија во телото и за кардиоваскуларното здравје. Без него нанесената штета врз срцето можеби нема да може да биде остранета. Воедно може да помогне и во заштитата од срцев удар.

 

Антидепресиви

Според Центарот за контрола на болестите, едно од десет деца над 12- годишна возраст консумира антидепресиви. Уште полошо е што 60% од овие деца консумираат антидепресиви подолго од две години. Некому овие лекови помагаат, но за други немаат никаков ефект, а притоа го убиваат мозокот и му наштетуваат. Антидепресивите, како што е Прозакот, се познати по тоа што ја зголемуваат количината на серотонин преку блокирање на соединенијата задолежни за негово уништување. Но, по неколкунеделно негово консумирање, мозокот почнува сам да произведува помалку серотонин. На Универзитетот во Ливерпул, Велика Британија, било спроведено истражување на кое учествувале 1800 испитаници кои земале антидепресиви. Заклучокот од истражувањето гласел дека половината од нив почнела да патат од разни психолошки симптоми по престанување на земањето на овој лек.

 

Опиоиди

Ако патите од тешки болки, опиоидите можат моментално да помогнат. Докторите најчесто ги препишуваат на оние кои патат од хронични болки. Најголемиот проблем е тој што честопати луѓето стануваат зависни од нив. А притоа доаѓа до сериони последици врз здравјето. Една од последиците вклучува проблеми со црниот дроб.

Тагови: лекови
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина