Доколку воведете навики во секојдневниот живот, ќе бидете сведоци на моќни резултати кои можат да ви го продолжат животниот век.

 

        1.ПОЈАДУВАЈТЕ КАКО ЦАР

Постои една стара изрека која вели: Појадувај како цар, ручај како принц, а вечерај како сиромав.

Вашиот прв оброк во текот на денот треба да биде најголем, а да јадете само по три оброци дневно. Оваа рутина е иста во сите земји на т.н. Сини зони. Така, во Костарика имаат два појадока и лесна вечера. Ручекот претставува голем оброк за жителите на Сардинија, додека, пак, жителите на Окинава сакаат да ја прескокнат вечерата. Сите тие обично јадат за ужина некое овошје, но често не практикуваат да ужинаат. Еден просечен оброк содржи 650 калории, па затоа три оброци на ден се доволни. Неодамнешните студии го подржуваат внесувањето на калории наутро. Една израелска студиј покажала дека жените кои ќе внесат половина од дневните калории наутро, третина за ручекот и остатокот за време на вечерата побрзо ги губат килограмите. Нивното ниво на инсулин, триглицериди и хормони опаѓа, така што им се намалува желбата за храна.

 

 

       2.ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЈАДЕТЕ КОГА ЌЕ СЕ ПОЧУВСТВУВАТЕ СИТИ

Планирајте пред да започнете со оброкот да престанете да внесувате храна кога ќе бидете 80% полни. Обидете се пред јадењето да кажете некаква молитва, а доколку не сте верник тогаш смислете самите нешто. Тоа ќе ви донесе повеќе време за вашиот организам да забележи колку е гладен, а не само да трупате храна додека сте гладни.

 

      3.ОБИДЕТЕ СЕ ДА ПОСТИТЕ ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДЕНОТ

Ова не значи дека треба да гладувате со денови, туку да ги распределите оброците во период од осум часа во текот на денот. На организмот му се потребни од 6 до 12 часа за да ги свари сите оброци кои сте ги внесле и за да ги потроши внесените калории. По тие осум часа на распределени оброци, ставете го своето тело во позиција на пост, кога тоа ја троши насобраната енергија и наталожените масти.

Една неодамнешна студија покажала дека ваквиот пост го регулира нивото на инсулин до граница на нормала и ги снижува крвниот притисок и холестеролот.

 

     4.ПОДГОТВУВАЈТЕ ГИ ОБРОЦИТЕ ДОМА

Во повеќето земји од Сините зони, исхраната на улица е ретка. Кога ја подготвувате храната дома, можете да ги контролирате состојките. На улица имаме широка понуда на брза храна, а колку има повеќе храна, толку шповеќе сакаме да внесеме. Готвењето бара стоење, контролирање, мешање, сецкање и кревање. За тоа време организмот се подготвува за внесување на храна и не внесувате несвесно повеќе отколку што ви е потребно.

 

     5.ЈАДЕТЕ СО СЕМЕЈСТВОТО И СО ПРИЈАТЕЛИТЕ

Луѓето кои живеат во овие зони јадат секогаш во друштво на пријателите или на семејството. Нивниот оброк е исполнет со шеги, дискусии и разговори. Долго седат на масата, така то ја јадат храната полека. На тој начин го забрзуваат темпото на варење на храната која ја внесле во организмот. Кога луѓето јадат сами, имаат потреба што побрзо да изедат се од чинијата. Тоа го забавува метаболизмот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина