Презервативот или кондомот е контрацептивно средство со најраширена употреба. Освен заштита од несакана бременост, голема улога има и во спречување на ширење полово преносливи болести. Иако одамна се знае се за овој облик на контрацепција, многумина и понатаму веруваат во некои митови за овие гумени заштитници.

 

Ставањето лубриканти на кондомот ќе го спречи неговото пукање

 

Лубрикантите врз база на масла и петролеум всушност можат да го оштетат кондомот.

 

Презервативот штити од сите полово преносливи болести

Презервативите не штитат во целост од генитален херпес, ХПВ, сифилис и срамни вошки. Презервативот не е доволна заштита ни од херпес тип 2, односно генитален херпес, како ни кај херпес тип 1, односно орален херпес, за кој неодамна се откри дека може да се пренесе и преку полов пат. Кај ХПВ-то како и кај херпесот може да се случи поединецот со години да боледува без никакви симтоми и без да знае дека е болен, но може болеста да ја пренесе на партнерот.

 

Ако сте алергични на латекс, не можете да користите презервативи

 

Може да користите кондоми изработени од полиуретан и полизопрен.

 

Презервативите е добро да се чуваат во паричник

 

Чувањето на едно пакетче кондоми во паричник подолго време може да го истенчи материјалот од којшто е кондомот направен и на него може да се појават ситни дупчиња.

 

Користењето два презерватива одеднаш ја удвојува заштитата

 

Користењето на два презерватива одеднаш всушност ја смалува заштитата, бидејќи се создава поголемо триење и поголема е можноста презервaтивот да пукне.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина