Белиот шеќер, кој настанува со индустриска обработка на шеќерната репка и шеќерната трска, е повеќекратно штетен за човековиот организам доколку се консумира во големи количини: инсулинот е константно зголемен, што доведува до дебелина, но и дијабетес и кардиоваскуларни заболувања. Најдобри негови четири природни и здрави замени се овие засладувачи.

1. Стевија

Ова растение се користи во вид на прав, сируп и таблети, а во зависност од условите на одгледување и технологијата на обработка, финалниот производ може да биде од 30 до 300 пати посладок од шеќерот. Стевијата изобилува со микронутритиенти, како што се железото, натриумот, калиумот, магнезиумот, фосфорот, цинкот, но и флавоноиди – рутин и витамините А и Ц.

Бројни научни истражувања покажале дека ова растение има и антиканцерогени својства, го нормализира крвниот притисок и спречува настанок на остеопороза. Освен што е вкусен засладувач, стевијата го регулира нивото на гликоза во крвта, ги спречува неговите осцилации и го поттикнува лачењето на инсулинот, што е токму тој резултат кој сака да се постигне во лекувањето на дијабетесот тип 2.

2. Мед

seker21

 

Медот содржи најквалитетни јагленохидрати, кои директно влегуваат во крвта и спаѓаат во групата на лесно сварлива храна. Додека белиот шеќер во својот состав нема ништо освен јагленохидрати, медот е богат со протеини, минерали (натриум, калциум, магнезиум, железо и фосфор), витамини Ц, Б3, Б5, Б12 и фолна киселина.

При подготовка на колачи и други слатки, шеќерот треба да се замени со мед. Иако со термичка обработка се губи делот од неговите лековити својства, тој е сепак многу покорисен од шеќерот. Треба да се купува од проверени произведувачи, бидејќи на пазарот постои и таканаречен лажен мед, кој содржи шеќер. Ограничувањата во консумирањето мед им се советува единствено на дијабетичарите и на оние кои се алергични на пчелни производи.

3. Малтекс

 

seker31

 

Малтексот е екстракт од јачменов слад, добиен со посебна технолошка постапка, со која максимално се зачувуваат хранливите својства на јачменовите зрна. Има пријатен мирис и вкус, а една лажичка шеќер заменува една и половина лажичка малтекс. Јачменовиот слад има исклучителна нутритивна вредност, бидејќи покрај прости и сложени јагленохидрати содржи и белковини. Исто така е богат и со минерали, како што се калиум, фосфор, натриум, магнезиум, калциум, железо и витамини, Е, А, витамини од Б групата, поради што им се препорачува во исхраната на децата, возрасните, трудниците, реконвалесцентите, спортистите, оние кои патат од хроничен бронхитис, кашлица и отежнато дишење. Кога ќе се помеша со млеко, какао и мелени лешници, се добива исклучително вкусна и здрава домашна чоколада.

4. Јаворов сируп

Овој природен засладувач се добива со цедење на сок од стеблото на јаворот. Иако содржи 60 – 70% шеќер, сетилото за вкус не го регистрира како премногу слатка намирница. Исклучително е концентриран, така што од четири литри јаворов сируп може да се направи 150 литри сок. По вкус потсетува на карамелизиран шеќер, а освен јагленохидрати, содржи и железо, магнезиум, калиум, калциум, натриум и витамини Б1 и Б12. Има висока калориска вредност, па треба да се консумира во ограничени количини. Научниците откриле дека јаворовиот сируп содржи голем број биоактивни материи, антиоксиданси, со антиканцерогни и антибактериски дејства, а потврдено е и дека има позитивно влијание и во случаите на дијабетес.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина