Секој ден читаме што е добро, а што не е добро за нас и за нашето тело и многу од тие совети се всушност неточни.

 

Ова се четирите митови во кои луѓето слепо веруваат:

 

Кафето не е добро за вас

 

Ако кафето се консумира во умерени количини, тоа може да има всушност здравствени бенефити за вас. Кафето го намалува ризикот од рак на устата и усната шуплина, мозочен удар кај жените, може да го продолжи животот, го подобрува помнењето, го намалува ризикот од срцеви болести и рак на дојката – само кога се пие умерено.

 

Диеталните безалкохолните пијалоци се подобри од обичните безалкохолни пијалоци

 

Секако, диететските алтернативи се подобри од обичните безалкохолни пијалоци, кога се работи за поголеми количини на шеќер и калории, но она кое тие го нудат за возврат, може да биде подеднакво штетно. Диет безалкохолните пијалоци се полни со вештачки засладувачи, кои се поврзани со појавата на ракот. Ако навистина сакате да бидете здрави, престанете да ги пиете. Бирајте минерална вода!

 

Во многу видови јогурт има шеќер

 

Иако се смета за здрав, јогуртот може да биде и добар и лош кога се работи за вашето здравје. Овошниот јогурт и разни видови јогурт со различни вкусови можат да содржат големи количини шеќер. Ако скаате да ги искористите сите предности на јогуртот, пијте само обичен, незасладен, природен јогурт. Тој секогаш ќе има шеќери, но минимално во однос на другите јогурти. Додадете му овојше, цимет и мед – и ќе го добиете посакуваниот, овошен јогурт.

 

Млекото е лошо за здравјето на луѓето

 

Споровите околу млекото се константни и се чини дека секој има свое мислење. Млечните производи можат да бидат богат извор на калциум, протеини, витамини Б12 и други витамини и хранливи материи. Проблемот е во тоа што многумина не ги поднесуваат млечните производи – или лактозата и тоа е единствената негативна работа во врска со млекото. Бадемовото млеко може да биде здрава алтернатива, посебно ако е збогатено со калциум.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина