Акупресурата е комплексна медицинска техника. Таа и акупресурата веќе илјадници години им помагаат на луѓето да се ослободат од здравствените проблеми. Накратко, секој орган од нашето тело е директно поврзан со одредена точка на телото со помош на енергетски канали. Затоа, ако сакате да ја подобрите работата на некој внатрешен орган, треба само да ја пронајдете нивната одредена точка и редовно да ја масирате. Ако се придржувате до оваа рутина, вашиот метаболизам ќе стане побрз. Како резултат на тоа, ќе станете поенергични во текот на денот, а вишокот маснотија ќе почне полека да се елиминира и ќе се прекине и нејзината акумулација. Ќе почнете да го контролирате апетитот и ќе создадете сосема нов, здрав начин на поглед кон животот. Во тоа ќе ви помогнат овие точки на телото:

1. Точка на увото

Масирањето на оваа точка доведува до забрзување на метаболизмот, што придонесува за губење на вишокот тежина во сите делови од телото. Треба да се масира со палецот во траење од 3 минути, три пати дневно, со ист притисок на увото. По масажата, ќе почувствувате како да имате повеќе енергија во телото. Исто така, ги отстранува непријатните симптоми на замор во рацете, нозете, рамењата и стапалата.

 

 

2. Точка на лицето

Оваа точка се наоѓа точно помеѓу носот и горната усна. Треба да се стимулира два пати дневно, по 5 минути. Ваквата масажа помага за контролирање на чувството на глад и нервоза. Ако се прејадувате за време на стрес, тогаш оваа вежба е посебно добра за вас.

3. Точка на раката

Оваа е клучна точка на телото, низ која минуваат сите меридијани на вашата внатрешна енергија. Масирајќи ја, го ослободувате телото од вишокот телесна топлина и придонесувате за подобрување на работата на цревата. Масирајте ја оваа точка 2-3 пати дневно по една минута.

4. Точка на ногата

Оваа точка е најкористена во акупунктурата. Се вика Зу Сан Ли. Таа не само што го подобрува варењето, туку помага и во отстранувањето на воспалителните процеси во целото тело. Ја нарекуваат уште и точка на вечноста. Таа се наоѓа под чашката на коленото, во вид на мало вдлабнување помеѓу коските. Со нејзина секојдневна масажа во вечерните часови се губат вишокот килограми – се вели дури и до 400-500 грама на ден. Масирајте ја 9 пати со кружни движења во правец на стрелките од часовникот, на секоја нога одделно (9 пати на едната и 9 пати на другата нога). И така 10 минути, вкупно (по 5 минути на секоја нога). Но, никако немојте да ја масирате пред спиење, зашто така ќе предизвикате несоница. При притисоот на оваа точка ќе почувствувате мала непријатност, дури и лесна болка, инау нема да го постигнете посакуваниот ефект.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина