Кејти Гронот е сертифициран нутриционист која еден дел од животот го има поминато во Јапонија. Ова е нејзината приказна за тоа како со помош на четири трикови, кои ги научила гледајќи го јапонскиот начин на живот, ослабнала 20 килограми.

“Кога за првпат се преселив во Токио, имав 20 килограми вишок. Моите грижи и ги раскажав на една дама од Јапонија, која ми беше сосетка, и нејзиниот одговор навистина ме збуни. Ми рече да се искапам во топла бања и дека тоа ќе ми помогне. Во тоа време ме зачуди, бидејќи немав поим за што зборува.

Се придржував до строга диета, се измачував со вежбање, и не можев да престанам да мислам дека не се трудам доволно. Но, кога го сменив ставот кон моето тело, тоа ми помогна да ги загубам тие вишок 20 килограми. И тоа беше само ,,пропратен ефект,, на мојот нов начин на живот, а не негова цел. Сметам дека премногу внимание посветуваме на протеините и калориите, а го губиме значењето на најважните нешта: на нашето тело му е потребно природно здравје, а ние само треба да го сослушаме. Сега им помагам на луѓето да останат здрави користејќи го знаењето на некои аспекти од источниот начин на живот. Ако сакате да изгледате фит и да се чувствувате добро, треба да ги имате на ум овие 4 правила.

1. Ако вежбате како сумо борач, ќе изгледате како сумо борач

Сфатив дека не се работи за тоа што правиш, туку како го правиш тоа нешто. Тоа го сфатив кога за првпат во својот живот видов турнир во сумо борење.
Сумо борачот не појадува. Наутро веднаш започнува со напорни вежби, има обилен ручек, а потоа спие. Се буди и ја повторува уште еднаш целата рутина.

Вежбав како луда, и тоа направи да изгледам како ѕвер. Не беше важно што се хранев здраво, бидејќи порциите беа преобилни. Се покажа дeка создавам мускули, но и дека создавам во исто време масни наслаги. Кога се вежба толку многу, што одвај доаѓате до здив, а по тренингот чувствувате неверојатна глад, тоа е знак дека нешто не правите како што треба.

2. Топлината е живот

Енергија на хранатае еден од популарните правци на Западот, а кој се темели на источниот принцип: топлината е живот.

Се смета дека правецот кон кој растенијата растат им дава одреден вид на енергија на овие растенија, која се пренесува на нас кога и јадеме. Храната, односно растенијата кои се одгледуваат во лето, имаат за цел да не оладат, така што да се прилагодиме на топлината. А за храната која се одгледува во зима, се смета дека не грее и не смирува. Така, на пример, ако премногу консумираме сирово овошје и зеленчук, тоа од една страна е здраво и има ефект на детоксикација, а од друга страна, се смета дека премногу го лади нашето тело. Јапонците веруваат дека телото треба постојано умерено да се загрева. Затоа не можете речиси никогаш да ги видите во ресторан да порачуваат само салата.

3. Нездраво е да се пијат течности за време на оброк

Јапонците никогаш ништо не пијат за време на оброците. Прво, течноста го лади телото. Второ, не е добра за системот на варење. Научниците објаснуваат дека водата ја неутрализира желудочната киселина, која му е потребна на желудникот за да ја свари храната. Како резултат на тоа, на нашето тело му е потребна повеќе енергија за да го заврши процесот и затоа сакаме да јадеме повторно. Затоа Јапонците сакаат топла супа, со тоа што на телото му обезбедуваат доволно течности.

4. Топлата бања го продолжува животот

По топла бања секогаш се чувствуваме смирено, мускулите се опуштени, а се подобрува и циркулацијата на крвта. Кога ќе се искапеме во када, дури и двапати месечно, тоа му помага и на нашиот дигестивен систем. Водата треба да биде од 38 – 40 степени целзиусови, што ќе ја подобри циркулацијата на крвта.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина