Водата го хидрира организмот и без неа не е возможен животот, но како и со повеќето здрави навики, повеќе не е секогаш подобро. Верувале или не, постојат одредени ситуации во кои дефинитивно треба да се држиме подалеку од неа.

Кога веќе сте испиле премногу

Ова е многу ретко, но можно е да се испие толку многу вода, што тоа може да биде штетно по здравјето. Ао испиеме доволно вода за да се разреди природниот баланс на солта во телото, тоа само може да ни го загрози животот. Оваа состојба се нарекува хипонаметрија и може да биде смртоносна.

Кога урината ни е проѕирна

Како можеме да знаеме дали сте внесле доволно вода? Заборавете на старото правило “8 чаши вода дневно,, и погледнете во ВЦ-шолјата. Ако нијансата на урината е жолтеникава, тогаш сте ја достигнале оптималната состојба на хидрираност, а во случај на таа да е речиси проѕирна, треба да го намалите консумирањето на вода. Потемните нијанси на жолта боја се сигнал дека на организмот му е потребна вода.

По обилен оброк

Ова е еден од најлесните начини да ги намалите калориите – напијте се една чаша вода пред оброк и природно ќе изедете помала количина храна, бидејќи течноста веќе ќе ви зазема одреден простор во стомакот. Од иста причина, премногу вода пред или за време на оброците може да доведе до одредени непријатности и надуеност.

Кога водата има (не толку) слатка тајна

Понекогаш повеќе сакаме да пиеме вода од шише наместо онаа ,,обична,,. Меѓутоа, водата со вкус често се базира на засладувачи, кои и го даваат тој дополнителен шмек. Сепак, засладувачите се поврзани со зголемување на гладот, па дури и со дебелеењето, одделни флаширани води и води со додаден вкус можат само да наштетат отколку да бидат полезни. Наместо тоа, можете сами да и додадете вкус на водата која ја пиете, така што во неа ќе додадете лимон, краставица, лубеница, па дури и одредени зачини според ваш вкус.

 

Тагови: водаурина
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина