Кето диетата е се популарна и е еден од најбрзите начини за слабеење, а се базира на намалено консумирање јагленохидрати и зголемено консумирање на протеини и здрави маснотии. Оваа диета е посебно популарна кај фитнес тренерите и многумина од нив ја препорачуваат, a целта е телото да се доведе во состојба на кетоза, односно консумирањето на јагленохидратите да се намали на најмало можно ниво, а да се зголеми консумирањето на мастите и да се оддржува здраво нивото на протеините. Во кето диетата се забранети слатките, житарките, повеќето овошја, алкохолот и слично, додека се препорачува јадење месо и риба, зелен зеленчук, јајца, јаткасти плодови и семки, моркови, домати, пиперки, лук и бобинки. Но, ваквиот начин на исхрана има и свои негативни последици. Еве кои се:

 

Може да се чувствувате болно

 

Една од негативнките последици на кето диетата е ,,кето грипот,,. Симптомите се изразени во првите неколку дена додека телото се навикнува на помало консумирање јагленохидрати. Може да се почувствува мачнина, главоболка, грчеви во мускулите и замор. За да се ублажат овие симптоми, треба да се пие доволно вода и да се има добар и долг сон.

 

Лош здив

 

Едно од кетонските тела кои се произведуваат во црниот дроб е ацетонот, кој има посебна миризба која излегува низ устата. Доколку луѓето бегаат од оној кој е на кето диета, треба да им објасни во што е проблемот.

 

Запек

 

Со оглед на тоа што во оваа диета се внесуваат помалку влакна и други хранливи вредности потребни за добра дигестија, може да се појави проблем со столицата. За да се реши овој проблем, треба да се користат додатоци во исхраната со ниска содржина на јагленохидрати, како што се овесните трици.

 

 

 

Телото ќе се забави

 

Додека организмот се навикнува на новиот начин на исхрана, телото станува поуморно и позабавено. На почеток треба да се одбегнува вежбање. Кога ќе се постигне состојба на кетоза, енергијата ќе се врати.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина