Потењето е природен обид на телото да ја намали неговата температура. И додека физичкиот напор и престојот во топол простор предизвикува засилено потење, и ситуациите како што се стресот и напнатоста исто така можат да предизвикаат реакција.

 

Ова се 4 природни борци протв потењето:

 

Јаболков оцет

 

Јаболковиот оцет делува како природен дезодоранс, бидејќи ги уништува бактериите. Доволно е еднаш неделмо да се забришете со него под пазувите. Една сува блазница ја натопувате со јаболков оцет и вода (во сразмер 2:1) и со неа ги пребриѓувате пазувите, но и оние делови од телото каде многу се потите. Тоа правете го секоја вечер пред легнување.

 

Сода бикарбона

 

Додадете прстофат сода бикарбона во малку вода или на влажни прсти и нанесете ја под пазувите. Истријте ја кожата со неа, оставете да се исуши и остатокот отстранете го со хартиено шамивче.

 

Црн чај

Танинот со кој изобилува овој чај содржи киселина која делува како природен антиперспирант и со тоа влијае врз жлездите и го намалува претраното потење. Зварете половина филџан вода и во неа ставете две вреќички црн чај. Извадете ги по неколку минути и оставете ги на страна да се оладат. Потоа по една вреќичка ставете под пазувите, оставете да делуваат 5 минути и потоа тргнете ги.

 

Лимон

Лимонот од памтивек се користи за контролирање на телесните мириси и против засилено потење. Цитричната киселина ги убива бактериите и делува како природен дезодоранс, но по третирање на кожата со лимон треба да се одбегнува изложување на сонце.

 

Еден лимон исечете го на половина и со едната половина истријте се под пазувите. Оставете да делува 15 – 30 минути, а потоа измијте се со студена вода.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина