Ако е неопходно, зголемениот притисок секако треба да се лекува со лекови. Но, но ако е можно да се регулира на природен начин, секако вреди и тоа да се проба. Еве неколку стратегии кои можат да ви помогнат во тоа.

Намалете го оптоварувањето со работата

Оние кои работат повеќе од 41 час неделно го зголемуваат ризикот да добијат зголемен притисок. Според истражувањето кое го има објавено Универзитетот Калифорнија-Ирвинг, кој има вклучено повеќе од 24000 испитаници, повеќе од оние кои работат повеќе од наведеното едноставно немаат време за физичка активност/вежбање ниту можат да се фокусираат да конзумираат намирници кои се поздрави и кои помагаат во регилирањето на притисокот.

Енергични прошетки треба да ви бидат секојдневна рутина

Оние кои шетаат со брзо темпо имаат доживејано значајна промена во вредностите на својот притисок, покажуваат истражувањата. Оние кои секојдневно, но и повеќе денови во неделата, вежбаат барем 30 минути, во просек можат да го намалат горниот притисок за 8 мм, а долниот за 6мм живин столб.

Секојдневно елиминирајте го стресот

Секојдневно сме нападнати од стрес и обврски, важно е секојдневно да одделуваме време кое ќе го посетиме на тоа да се ослободиме од стресот. Одлична помош во ослободувањето на стресот може да ни дадат вежбите за длабоко дишење, вежбањето јога или медитацијата. Хормоните на стрес може да го подинат нивото на ренинот, бубрежниот ензим кој придонесува за зголемување на крвниот притисок. Ако го намалиме стресот, со тоа ќе влијаеме и на својот крвен притисок.

Намалите ги количините на сол

Одреден број луѓе кои имаат зголемен крвен притисок се посебно чувствителни на зголемени количини сол во исхраната. Во нив, по правило, спаѓаат оние кои имаат наследна склоност кон хипертензија, како и постарите луѓе. Во секој случај, разумна препорака за оние кои имаат зголемен притисок или се склони кон него е да ја намалат вкупната количина на сол. Во половина лажичка сол има 1200 мг натриум – а тоа е речиси целата дневна доза која ја препорачува Американскиот национален институт за срце, бели дробови и крв. Но, имајте во предвид дека солта која лично ја додавате во храната не е целата количина која ја јадете. Стандардниот леб од пекарница, пецивата, грицките и преработената храна веќе содржат големи количини сол, па ако ги консумирате овие овие намирници секојдневно, тогаш имате една лажица повеќе сол.

Овие четири совети можат да ви донесат многу бенефити. Покрај намалување на притисокот, ќе ви помогнат и да ја оддржите линијата (нормалната телесна тежина) и ќе придонесат за здравјето на вашето срце.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина