Грицкањето храна богата со шеќери и масти доцна во ноќта е одличен и брз начин за да го зголемите обемот на половината. Еве совети како да ги одбегнете искушенијата и како да не ви пукаат копчињата на панталоните.

Ограничете ги јагленохидратите

Вечерата богата со јагленохидрати ќе ве исполни со енергија по која следува пад, поради што повторно ќе бидете гладни пред да си легнете. Наместо тоа, подгответе си вечера богата со протеини и со малку лесни јагленохидрати, какви што има во интегралниот ориз. Така ќе бидете доволно сити се додека не си легнете.

За ужина изедете некаков зеленчук

Ако навистина ви се јаде нешто, држете се до здравите опции. Моркови или сос од леблебии ќе ви дадат одлична доза на витамини и здрави масти, кои можат да ве заситат пред спиење. Одбегнувајте слатки како што се сладолед, кекси, мусли или снегулки.

Напијте се чаша млеко

Млекото содржи казеин, вид протеин кој доведува до бавно ослободување на аминокиселините во крвотокот. Една чаша млеко не само што ќе ве засити, туку и ќе ја подобри работата на мускулите во текот на ноќта, а со своето изобилство на аминокиселината триптофан ќе ви помогне побрзо да заспиете. Само, кога ќе тргнете по млеко, не посегнувајте по теглата со слатко.

Бидете хидрирани

Честопати чувството за жед погрешно се толкува како глад. Ако мислите дека сте гладни, прво напијте се голема чаша вода и почекајте 20 минути. Многу често со тоа ќе си ги задоволите потребите и нема да морате да посегнувате по ужина богата со калории.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина