Доаѓањето на принова во семејството секако е среќен миг за секоја мајка, но бременоста остава трага на телото на секоја жена. Затоа враќањето на фигурата и враќањето во форма по породувањето им помага на мајките да се чувствуваат подобро, но и полесно да се справуваат со напорите кои и бара мајчинството. Бременоста и мајчинството се искуство за секоја жена, но во првите денови по породувањето жените се среќаваат со вишок на килограми. Тогаш започнува вистинската борба како да се загубат истите, кои се насобрале во текот на деветте месеци. За да се врати старата линија, најдобар е следниов тренинг од три вежби, кој го практикува и Ким Кардашијан.

 

Подигање на нозете на шведски скали– вежба за стомачни, освен стомакот, вклучено е целото тело!

 

 

 

Штица (или издржување) – со оваа вежба се зацврстуваат сите мускули на трупот. Ќе делува на задникот, нозете, рамењата, рацете… вежба за целото!

 

 

Гоблет чучнување– вежба за идеален задник. Чучнувањето ве држи исправени, тегот се држи покрај градите. Стапалата се малку пошироко поставени од ширината на рамењата, а прстите се малку насочени кон нанадвор. Се спуштате во чучнување, внимавајќи притоа грбот да остане прав.

 

 

 

Покрај вежбањето, голема улога има и исхраната. Два до три месеци по породувањето може да се започне со избалансирана исхрана, која е рестриктивна само во поглед на вносот на калории, но не и на хранливи материи. Исхраната во овој период треба да се базира на житарки од цело зрно, сезонско овошје и зеленчук, риба, мешунки, месо од живина и млечни производи со ниска масленост.

 

Со цел да се олесни враќањето во форма, мора постапно да се активираат следниве седум здрави навики: 1. Започнете полека. 2. Вежбајте редовно. 3. Бидете трпеливи. 4. Одбегнувајте вежби кои предизвикуваат болка или чувство на непријатност. 5. Прогресивно зголемувајте го оптоварувањето. 6. Не се ткажувајте. 7. Ако имате можност, советувајте се со стручен тренер, со цел побрзо да постигнете резултати и да одбегнете несакани последици.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина